20-те најубави плажи на прекрасниот остров Крит
Крит е најголемиот грчки остров и петти по големина во Средоземјето. Важи за остров богат со историја, природа и прекрасни плажи. Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Препознатлив е по критското вино и музика.

За Крит има навистина многу да се пишува, но ни одбравме тема која ги интересира сите туристи во лето – плажите.
Ако имате можност да го посетите островот, уживајте барем на дел од овие 20 прекрасни плажи:
1. Frangokastelo

Голема песочна плажа идеална за деца и повозрасни. Уживајте во погледот од стариот замок.
2. Glyka Nera (Слатки води)

Кристална вода во близина на Сфакиа. Пристапот е пешки или со брод.
3. Domata

Настаната од конгломератски формации со делување на солта и воздухот. Пристапот е возможен само со приватен брод.
4. Kedrodasos

Магично место со бел песок и тропска вода.
5. Elafonisi

Најпопуларната плажа на островот, па дури и во Грција. Привлекува илјадници туристи. Кристална тиркизна вода, островче среде морето...
6. Falassarna

Огромна бела плажа со ситен песок и парчиња карпи на места. Позната по најголемите журки на островот.
7. Balos lagoon

Најфотографираната плажа на Крит. Достапа со 4x4 автомобил или со ферибот од Кисамос.
8. Sarakiniko (на островчето Gavdos, јужно од Крит)

Ако сте сместени во југоисточниот дел на Крит, задолжително отпатувајте до малото островче Гавдос. Африкански пејзажи и кристална вода која вреди да се доживее.
9. Agios Pavlos

Веројатно плажата која има најпријатна атмосфера на Крит. Огромни песочни дини и едно од најубавите зајдисонца во Грција.
10. Souda

Порано била место каде се собираат хипиците и нудистите. Денес е одлично организирана и важи за една од најубавите плажи во областа Plakias.
Погледнете ги преостанатите 10 плажи на следната страна...
