10 лекции од искусен светски патник

На секое патување може да научите нешто ново, но од луѓето кои го имаат прошетано светот и кои виделе различни места, култури, луѓе и настани може да добиете вистински животни лекции.

10-lekcii-od-iskusen-svetski-patnik-02

Ова се 10-те најважни животни лекции од еден светски патник.

1. Сите луѓе во светот всушност посакуваат исти нешта:

Љубов, сигурност, уживање, прифаќање од другите и надеж за подобра иднина

2. Одложувањето на среќата за подобра иднина е ужасно лоша идеја

Штом добиеме едно нешто, секогаш посакуваме повеќе. Среќата е во она што го имаме моментално.

3. Бидете практични

Многу е веројатно дека нема туку-така да добиете лото, ако само се надевате. Затоа мрднете го вашиот задник и направете нешто практично за себе.

4. Пријателите не ви должат ништо и не може ништо да очекувате од нив со сигурност

Од себе може да очекувате сè. Според тоа, единствено вие одлучувате за тоа како ќе изгледа вашиот живот.

5. Барајте ги луѓето кои имаат поинаков поглед на светот

Ништо не може да направи да заостанувате и да тапкате на едно место, како луѓето кои размислуваат исто како вас. Ако се дружите само со слични луѓе, никогаш нема да дознаете нешто различно, кое можеби е и подобро од она што веќе го знаете.

6. Никој нема целосно лесен и удобен живот

На никого не му е сè супер, но некои умеат да стават маска и лажна насмевка, па така да минуваат низ животот. Немате претстава колку е тешко да сте во туѓата кожа, бидејќи мислите дека вашите проблеми се најголеми.

7. Повеќе пари, никогаш нема целосно да ги решат сите ваши проблеми

Сè што е вистински вредно во вашиот живот, не може да се купи со пари, а останатите важни работи се многу поевтини од она што мислите.

8. Она што мислите дека го поседувате, всушност ве поседува вас

Ако ги изземеме неопходните работи за живот, зошто ги имате сите останати работи? Бидејќи ви е потребна потврда од другите дека вредите нешто. При тоа, многу од тие работи не го збогатуваат вашиот личен живот.

9. Избегнувањето на телевизорот е најпаметната работа која можете да ја направите

Телевизорот ве тера да бидете недруштвени. Избегнувајте го секогаш кога можете.

10. Проголтајте ја гордоста и извинете се

Не е неопходно да победите во секоја расправија. Никогаш не чекајте другата личност да ви се извини. Тоа се само неколку зборови кои можат да ви го зачуваат добриот однос со другите.

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg