14 дестинации кои се замрзнати во времето

За некои места времето застанало и го зачувале изгледот од својот почеток без разлика на промените и напредокот во светот.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-01

И ако некогаш помисливте дека патувањето низ времето е невозможно, првите 7 дестинации ќе ве убедат во спротивното.

1. Езерото Инле - 19. век, Мјанмар

Градот-брод Ниаунг Шви во Мјанмар, се наоѓа во близина на езерото Инле, каде фасцинантната и специфична култура не е променета со години, вклучувајќи ги веслањето со нога и градините кои пловат низ трските. Но, зголемувањето на населението и брзиот пораст на агрокултурата и туризмот ги загрозуваат изворите на езерото.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-1

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-2

2. Селото Фунен - 18. И 19. век во Данска

Селото Фунен се наоѓа во Фруенс Боге, областа на Одензе. Има вкупно 25 градби кои потекнуваат од 18. и 19. век. Летно време, луѓето облечени во традиционални носии оддаваат впечаток како да живеат во времето на познатиот Ханс Кристијан Андерсен.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-3

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-4

3. Стариот град, Архус - 16. и 19. век, Данска

Во 1914, стариот град Архус бил промовиран како првиот отворен музеј во светот. Претставува историска разновидност на градби од целата земја во периодот  помеѓу 1550-та и 1800-та година. Има различни продавници и сувенирници, а вработените во музеите се движат низ градот во одредена улога со која го прават градот како „жив“ музеј.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-5

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-6

4. Островот Кижи - 15. до 17. век, Русија

Кижи е остров во руското езеро Онега. Има две населби од 15. век, а меѓу нив се наоѓаат две цркви и камбанарија изградена во 1700-та година. Населението е преселено во 1950-та година, заради заштита, историските градби се преместени на островот, а целиот остров е претворен во отворен музеј.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-7

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-8

5. Санкеи-ен - 15. до 19. век, Јапонија

Санкеи-ен е обновен дел од историјата. Бил оштетен за време на Втората светска војна, па реставриран и вратен во неговата првобитна состојба од страна на Санкејската Хошокаи Фондација. Градбите во него потекнуваат од цела Јапонија, а многу од нив имаат историско значење. Негова најстара градба е традиционалната јапонска кула (пагода)Томио-Џи, оригинално изградена во Киото во 1457 година.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-9

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-10

6. Селото Ксиние - 14. Век, Кина

Ксиние во кинеската провинција Жеџијанг е забележано како село со добро зачувана архитектура и стари градби од ерата на Минг и Кинг. Во ова историско село е зачувана древната традиција за одржување на фестивалот Шангаси.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-12

01-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-11

7. Литл Вудам - живо историско село од 17. век во Англија

Тоа е жив музеј кој го реконструира животот во Англија од срредината на 17. Век. Пронајдено во стара шума на Хемпшир, селото изгледа како да е застанато во летото од 1642 година и зборува за Чарлс  Први и борбата меѓу Кралот и Парламентот.

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-13

14-destinacii-koi-se-zamrznati-vo-vremeto-14

 

Продолжете кон вториот дел: Уште 7 фасцинантни дестинации замрзнати во времето.

Би можело да ве интересира:

На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Бев на Малта со повратен лет од Скопје за 50€: Кафе е 2€, печива има за 0.50 центи - но, што не ми с... Се изненадив дека Малта е поголема отколку што очекував. Валета ме воодушеви и п...
Гиро до 4.70 евра, лежалка со кафе за 3 евра: Какви се цените во Полихроно и Неа Флогита во лето 202... Изминатиот викенд го поминав во Полихроно и во Неа Флогита - гратчиња оддалечени...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg