Дестинации како од бајка

Постојат места во светот кои се како создадени во бајка. Кога ги гледате фотографиите сигурно помислувате дека е сцена од некоја приказна во сликовница или толку магична претстава за некој филм.

destinacii-kako-od-bajka-01

Всушност, вистински се и постојат. Разгледајте ги овие десет дестинации и одберете која ќе ја посетите на вашето следно патување.

Вакви места заслужуваат да бидат видени и посетени, а чувството, доживувањата и сликите кои ќе ги понесете од таму сигурно ќе ви останат врежани во мислите.

Потоа вие ќе раскажувате бајки што сте ги доживеале.

1. Хои Ан, Виетнам

Се наоѓа на брегот на Јужното Кинеско Море. Заштитено е од УНЕСКО. Тоа е важно историско место, кое ја претставува југоисточната азиска култура од 15. до 19. век. Со белите песочни плажи и топлата клима, привлекува голем број туристи.

destinacii-kako-od-bajka-01 1

destinacii-kako-od-bajka-02

destinacii-kako-od-bajka-03


2. Гренланд

Прекрасен остров кој се смета за еден од најголемите острови во светот. Местото е студено и замрзнато во текот на целата година. Сепак, пејзажите се фантастични, надополнети со куќички во прекрасни бои.

destinacii-kako-od-bajka-04

destinacii-kako-od-bajka-05

3. Бамбус шумата Кјото, Јапонија

Ова дрво е едно од најпопуларните во Азија и има многу значења и симболи. Во Кина симболизира долготрајност, вечност, во Индија симболизира пријателство, а во Јапонија веруваат дека бамбусите ги заштитуваат од злото. Сепак глетката и прошетката низ овие патеки во бамбус шумата ќе ви даде посебно чувство и незаборавно доживување.

destinacii-kako-od-bajka-06


4. Катманду, Непал

Главниот град е опкружен со Хималаите, кои ја надополнува атмосферата. Градот е преполн со антички градби и има силна духовна улога. Археолозите пронашле податоци за постоењето на стара цивилизација која потекнува од 185 п. н.е. Катманду е најинтересен град во тој регион.

destinacii-kako-od-bajka-07

destinacii-kako-od-bajka-08

destinacii-kako-od-bajka-09


5. Синтра, Португалија

Историски град во Португалија кој не е многу оддалечен од главниот град, Лисабон. Лордот Бајрон по посетата на овој град бил инспириран за да ја напише познатата книга „Странствувањето на Чајлд Харолд“. Во деветнаесетиот век романтичната архитектура и прекрасната природа го направиле Синтра една од најубавите дестинации, во кои можете да се почувствувате дека шетате низ некоја бајка. Заштитен е и од УНЕСКО.

destinacii-kako-od-bajka-10

destinacii-kako-od-bajka-11

Уште пет дестинации како од бајка на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg