Летајте со шарените балони над Кападокија

Може ли да замислите поубава глетка од стотици шарени балони кои на изгрејсонце се движат низ воздухот? Летаат над уникатниот релјеф од карпи, кањони и долини, а замислете уште да сте во еден од нив и сето тоа да го доживеете! Едно од ретките места кое ви овозможува ваква авантура.

unikatno-dozivuvanje-letajte-so-sarenite-baloni-nad-kapadokija-01

Секој ден, уште на изгрејсонце се пали огнот во балоните во кои има околу десетина туристи кои однапред си го резервирале местото.

Полетуваат полека и ви даваат чувство како да сте во сосем друг свет, далеку од сè што може да ви го попречи видот или да ви ги одвлече мислите. Овде целосно се препуштате на моментот.

Ваква несекојдневна прошетка над карпестиот дел на Кападокија во Централна Анатолија, Турција е нешто што треба да биде на вашата листа со задолжителни дестинации.

Од страна на CNN, ова место е прогласено за едно од седумте најдобри светски дестинации каде може да доживеете летање со ваков балон, заедно со стотици други.

Глетката буквално ќе ве маѓепса, а ако го доживеете неповторливото искуство сигурно ќе биде еден од најубавите спомени кои ќе ви останат во посебно сеќавање.

Глетки кои се незаборавни:

Би можело да ве интересира:

Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
9 омилени туристички знаменитости и места кои се вистинско разочарување во реалноста Карловиот мост во Прага делува мистериозно и фасцинантно на фотографиите. Но, во...
Топ 7 најубави плажи во Бугарија - ќе ве изненадат со својата убавина Иако многумина не би го одбрале Црното Море за летување, сепак некои плажи на бу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg