Спакувајте се лесно и заминете некаде на викенд

Викендот е само два дена, имате кратко време за да се спакувате и побрзо да отпатувате за да имате повеќе време за уживање. Нема потреба да го преполнувате куферот како за на летен одмор.

spakuvajte-se-lesno-i-zaminete-nekade-na-vikend-01

Потрудете се да бидете практични и да го искористите најдобро просторот за да го земете она што ви е неопходно. Ако ви остане место, дополнете го со ситни парчиња облека.

Употребете ги следниве трикови за брзо и лесно да спакувате повеќе облека:

Поголемата и подебела облека носете ја на себе

Најмногу место во куферот ќе ослободите ако, јакната, мантилот, и еден пар чевли или патики носите на себе. Ако ви е топло за јакна, а знаете дека може да ви затреба, држете ја во рака или само префрлете ја врз куферот.

Свиткајте ја облеката

Можеби ви делува нелогично, но преклопувањето на облеката на начин како што се витка, на пример, чергичката за јога, нема да ви ја стутка облеката и ќе ви остави повеќе простор во куферот. Овој метод ќе ви помогне да спакувате двојно повеќе парчиња облека. Замотајте ги така што малите парчиња облека ќе ги ставите во поголемите и ќе ги замотате заедно. Спакувајте повеќе тенки работи, за да имате повеќе избор и комбинации.

Носете еден пар фармерки

Љубителите на џинсот веројатно сметаат дека нема шанси да им бидат доволни само еден пар фармерки. Но, доволни се. Во комбинација со маичка ќе бидете подготвени за дневна прошетка, а во комбинација со свилена кошула за вечерно излегување.

spakuvajte-se-lesno-i-zaminete-nekade-na-vikend-2

Фенот не ви е потребен ако одите во хотел

Речиси во секој хотел има фен за сушење во бањата. Затоа, нема потреба да носите дополнителен кој само ќе ви зафаќа место.

Долната облека пакувајте ја во кесички, па во чевли

Каде и да најдете слободен мал простор во куферот, па дури и во внатрешноста на чевлите, искористете го за да ги сместите парчињата долната облека. Прво ставете ги во кесички со што ќе ги заштитите, па ставете ги во празнините.

Доволна ви е една вечерна чанта

Одите на викенд од два дена, а не цел месец. Колку и да не можете да одберете една омилена, сепак одберете универзална црна или сребрена која може да ви одговара на сè. Наполнете ја со долна облека за да го искористите просторот, а и за да не дозволите да се превитка и уништи.

Марамите се пакуваат лесно

Од шаловите и марамите понесете колку сакате. Не одземаат многу простор, а претставуваат одличен додаток со кој може да направите многу комбинации.

spakuvajte-se-lesno-i-zaminete-nekade-na-vikend-1

Би можело да ве интересира:

На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg