Гурманско патување до топлата Сицилија

Сицилија - синоним за слатки ароми, златни плажи, градови со археолошки пронаоѓалишта, импресивни вулкани и прекрасни малечки острови кои ја опкружуваат.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-01

Ова е остров на свежите и вкусни намирници, преполн со лозја и овоштарници на кои се одгледуваат лимони, портокали, бадеми и маслинки.

Во екот на сезоната во секое кафуле се служи свежо цеден портокал, салата од портокали, како и салати со свежи маслинки, морска сол и бибер.

Едноставноста е она што ја карактеризира сицилијанската храна, која по малку се меша со италијанската кујна.

Најпознатото јадење кое мора да го нарачате ако некогаш отпатувате во Сицилија е caponata. Тоа е микс од пржен зеленчук - домати, пиперки и тиквици прелиени со сос од домат, целер, лук, маслинки и маслиново масло.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-1

Но, не пропуштајте и да уживате во овие оброци:

Pasta alla Norma веројатно е најпознатиот паста рецепт во овој регион. Се состои од макарони, модри домати и сос од црвени домати, кои се служат заедно со рикота - италијанско сирење.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-2


Pasta con le sardeor
е уште еден оброк со тестенини, зачинети со сос од сардини.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-3


Arancini
е јадење кое се состои од пржени топчиња од ориз. Може да се подготвува на повеќе начини - со грашок, путер или сос од домати, со моцарела, спанаќ или печурки.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-4


Cassata siciliana
е десерт од сладок крем од рикота, прекриен со дебел слој марципан. Во подготовката се користи кандирано овошје, кое дава посебен шмек на оваа торта.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-5


Gelato
е сицилијанскиот сладолед кој мора да го пробате. Тајната е во природните состојки кои можете да ги комбинирате со француско лепче, односно да го нарачате добро познатиот сладок сендвич brioche con gelato.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-6


Granita
е најосвежувачкиот десерт кој некогаш сте го пробале. Многу сличен на замрзнатиот сорбет, овие овошни гранули може да ги грицкате додека лежите на една од егзотичните плажи со златен песок. Најпопуларни вкусови се бадемот, кафето и праската кои задолжително се служат со кремаст шлаг.

gurmansko-patuvanje-do-toplata-sicilija-7

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg