На англиски чај и парче торта во романтичните 60-ти

Она што го одликува ова место e љубовта кон чајот и сето она што е старовремско или што ви дава чувство како да се враќате во некое минато време.

na-angliski-caj-i-parce-torta-vo-romanticnite-01

Желбата за зачувување на британската традиција за попладневна чајанка ги довела сопствениците до идејата за отворање на Sugar Junction, чајџилница и слаткарница во Манчестер, Англија, каде  ќе се чувствувате пријатно.

Орнаменталните тапети од шеесеттите, мебелот од масивно дрво, цветните мотиви на масите и порцеланските сервиси, како и многу други старомодни детали го прават овој простор пријатен и удобен низ кој минуваат мирисите на топлиот чај и слатките тазе печени торти.

Секојдневно на менито има понуда од 25 домашни мешавини чај кои се послужени со специјално традиционално чајно колаче со шлаг и џем, кекси, мафини и разни други колачи.

Освен попладневната чајанка или кафето во кое било доба од денот, во Sugar Junction може да уживате и во интересните сендвичи, омлети или супи кои се идеални за ручек.

Она на што се особени горди се различните видови милкшејк со сладолед и многу вкусен декориран шлаг, послужени во високи чаши со црвено-бела сламка, како во старите филмови.

Мало магично место во кое ќе се вљубите:

Би можело да ве интересира:

Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Кајли Џенер на Кефалонија, Роналдо со јахта низ Егејско Море - Каде летуваат светските ѕвезди во Грц... Мајкл Џордан, додека беше на крстарење со својата јахта, ја посети и Атина, а на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg