Мала оаза во срцето на Маракеш која ќе посакате да ја истражите (фото)

Сместен во преуредена и пренаменета мароканска палата, хотелот El Fenn е мала оаза во центарот на Маракеш кој мами илјадници туристи ширум светот.

mala-oaza-vo-srceto-na-marakesh-koja-ke-posakate-da-ja-istrazite-foto-01

Ѕидовите на оваа градба се повторно зацврстени, пространите тераси се освежени со зеленило, а длабокиот базен е наполнет со вода.

Собите се исполнети со современ мебел и уметнички изработки во традиционален дух.

Има само 20 соби со огромни кревети, прекрасно уредена бања со старински кади и излез кон внатрешниот базен и дворот со лежалки поставени помеѓу дрвја со маслинки.

Тука можете да ја пробате и мароканската кујна, во ресторанот кој нуди традиционални специјалитети со единствен, ориентален мирис.

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Дестинација за есенско бегство: Луковска Бања, на 275km од Скопје - совршена природа и термални изво... Ова е највисоко лоцираната бања во Србија, опкружена со планини, блиску до Копао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg