Градот за кој досега немате слушнато, а пропуштате нешто неверојатно

Кога некој ќе ви ја спомене Франција сигурно веднаш помислувате на Париз, Лион, Кан или некој друг препознатлив град.

gradot-za-k0j-dosega-nemate-cueno-a-propustate-nesto-neverojatno-1

Но, за ова мало место во прекрасната Франција, сигурно досега немате слушнато.

Станува збор за градот Гасил, во кој од 31 мај па сѐ до 30 септември секоја година се одржува голема изложба под отворено небо. Изложбата се состои од фотографии кои се поставуваат низ целото гратче.

Многумина не знаат за постоењето на Гасил, а уште помалку и за оваа изложба која со традиција се случува секоја година. Ако заминувате во Франција во овој период не пропуштајте да бидете дел од едно поинакво доживување.

Гасил не е предизвик за посета исклучиво само заради фотографиите, туку ова место има уште многу што да понуди.

Додека уживате во прекрасните изложби на фотографии кои ќе ве преплават со емоции, можете да ја посетите и ботаничката градина.

Освен тоа, токму тука имате можност да се релаксирате во некоја од еко бањите или да го прошетате целиот град на електричен чамец или уште поинтересно на грбот на некое магаре.

Погледнете што можете да очекувате во Гасил: 

Би можело да ве интересира:

8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Плажа во Хрватска е вистински рај – скриена под карпа, со бесконечно синило и бистра вода Нема да ја видите по пат, треба малку да се помачите за да стигнете до неа, но ќ...
Плажа со розов песок на грчкиот остров Крит е како од разгледница (фото) Плажата Елафониси на грчкиот остров Крит е препознатлива по песокот со розова ни...
Ова не е ниту Хрватска, ниту Франција, ниту Словенија - Охрид е! (вирално видео што освестува) Не е ниту Хрватска, ниту Австрија, ниту Италија, ниту Словенија, ниту Франција, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg