10 Популарни дестинации за луда и незаборавна забава

Искористете го ова лето за да танцувате во еден поинаков ритам во некои од европските земји кои се најдоа на листата најпопуларни забавни дестинации во Европа.

10-popularni-destinacii-za-luda-i-nezaboravna-zabava-1

Ако сте зависник од забавата, Европа има што да понуди за да го задоволи вашиот апетит.

Не пропуштајте да посетите барем едно од овие 10 лудо забавни места:

1. Амстердам, Холандија

Откога ќе поминат тивките, попладневни часови и штом настапи ноќта, градот повторно станува динамичен бидејќи токму тогаш започнува забавата во Амстердам. Репутацијата за еден од најдобрите градови за забава е заслужен, поради огромниот избор на ноќни клубови кои се расеани низ градот. Најголемата забавата е лоцирана во областите Rembrantplein и Leidseplein и секако на „Црвената улица“.

10-popularni-destinacii-za-luda-i-nezaboravna-zabava-2


2. Барселона, Шпанија

Шпанија нуди одлични можности кога станува збор за луда и незаборавна забава. Штом ја посетите оваа дестинација ќе сфатите дека станува збор за град кој никогаш не спие. Шпанците се навикнати да јадат доцна, да пијат доцна и да остануваат до доцна. Не бидете изненадени ако клубовите во Барселона се празни во 1 или 2 часот после полноќ, бидејќи таму забавата почнува подоцна и трае до 6 или 7 часот изутрина. Еден од најпознатите клубови е Magic Club, во кој преовладуваат хитовите од 80-тите.

10-popularni-destinacii-za-luda-i-nezaboravna-zabava-4


3. Базел, Швајцарија

Третиот најголем град во Швајцарија, помалиот број на публика не го спречува во понудата на добра ноќна забава. Една од најголемите атракции во Базел е Nordstern клубот кој е одличен за љубителите на техно музиката. Ако сте среќници можеби ќе начекате некои од светски познатите диџеи токму на оваа дестинација.

10-popularni-destinacii-za-luda-i-nezaboravna-zabava-5


4. Берлин, Германија

Од напуштени магацини па сѐ до одлични клубови, овој град танцува по ритамот на техно музиката без разлика на локацијата. Едно од најпопуларните места е Berghain кое не само што е познато по забавата, туку и е тешко пристапно. Но, ако успеете да влезете имате гарантирана забава.

10-popularni-destinacii-za-luda-i-nezaboravna-zabava-6


5. Загреб, Хрватска

Хрватска ни е позната по нејзините прекрасни плажи и забавите кои се случуваат покрај морето. Но, да не го заборавиме Загреб кој нуди исклучителна забава. Во ниеден случај не пропуштајте да го посетите клубот Sirup кој нуди сплет од различна музика за сите вкусови.

10-popularni-destinacii-za-luda-i-nezaboravna-zabava-7

Уште 5 популарни дестинации за луда забава на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
5 од најубавите плажи во Шпанија со тиркизна вода и златен песок Шпанија е позната по своите прекрасни плажи со кристално чиста води, а во продол...
Литохоро во Грција - oдлична опција за љубителите на море и планина, а ќе стигнете за околу 4 часа о... Сместен во подножјето на планината Олимп, Литохоро е живописен град во Грција ко...
8 најубави плажи во Хрватска за одмор со мали деца На кои плажи во Хрватска морето е најчисто, плитко, а има и голем број активност...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg