5 помалку познати факти за италијанската кујна

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-01.jpg

Италијанската кујна е една од најпопуларните во светот. Денес скоро и да нема ресторан (со исклучок на азиските ресторани) во чие мени не е е застапена пицата или пастата.

Но, еве неколку интересни факти во врска со италијанското кулинарство кои можеби не сте ги знаеле.

1. Италија е земја која е позната по белите тартуфи кои одат во совршена хармонија со разни видови паста. Во Тоскана во 2007 година, е пронајден еден од најголемите тартуфи досега со тежина од 1,5 килограм. Бил продаден на аукција за 330.000 долари, што претставува своевиден светски рекорд. Неколку години подоцна (2014) во регионот Умбрија бил пронајден бел тартуф со тежина од 1,89 килограм.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-1.jpg

 
2. Пицата под тоа име за првпат се појавува во Неапол во XVI век во форма на рамен тркалезен леб без никакви додатоци, првенствено наменет за сиромашното население. Дури во 1889 година, Рафаел Еспосито, во чест на кралицата Маргарита ја креирал првата пица со домати, моцарела и босилек, соодветно на боите на знамето на Италија и ја нарекол Маргарита.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-2.jpg

 
3. Пастата во одредена форма се јавува уште многу одамна на територијата на Италија иако се смета дека сушената паста е за првпат донесена во Сицилија од страна на Арапите околу IX век, наспроти општо прифатеното мислење дека таа била донесена од Марко Поло во XIII век. На почетокот се консумирала празна, со оглед на тоа дека то­мато сосот почнал да се користи  многу подоцна. Доматите не биле користени во Ита­­лија пред XVII век. Во Италија доматот првпат се појавува во 1548 година во Тоскана.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-3.jpg

 
4. Интересен е настанокот на фаринатата (вид пита од регионот на Џенова на база на брашно од леблебија) во 1284 во битката кај Мелориа, флотата на армијата на Џенова била зафатена од невреме, во кое биле растурени бродските залихи на брашно од леблебија како и масло. Во невремето сè заедно се измешало со солената морска вода, со цел да ги спасат залихите морнарите ја собирале оваа мешавина која подоцна ја оставиле да се исуши на сонце. Ден подоцна прегладнети почнале да јадат од веќе исушеното тесто и сфатиле дека е вкусно. По враќањето дома решиле да го подобрат рецептот со печење во фурна и додавање одредени состојки како рузмарин, кромид, тиквички и некои видови сирење како горгонзолата.  

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-4.jpg

 
5. Најстарата сочувана книга со рецепти е токму италијанската DE RE CVLINARIA (За готвењето) - која всушност претставува збирка на текстови со инструкции за готвење од римскиот период создадена во доцниот четврти односно раниот петти век.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-5.jpg

Но, италијанската кујна не е само храна, таа е култура, стил на живот, уметност.

Така, кога МекДоналдс бил отворен во 1986 година во Рим, пуристи пред ресторанот раздавале бесплатни шпагети за да ги потсетат луѓето за нивното културно наследство.

Ако претпоставиме дека јадењето не е само физички чин за задоволување на чувството на глад, секој ќе се согласи дека италијанската кујна е збир на вкусови, креативност, историја и традиција од сите делови на Италија. Таму храната е синоним за припаѓање, пиење чаша вино во пријатна атмосфера и со добро друштво.

Сега можете да ја почувствувате Италија тука.

Повелете во ресторан Венето и уверете се.

5-pomalku-poznati-fakti-za-italijanskata-hrana-6.jpg

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...
Спиење во капсула, вечера во ресторан каде служат роботи: Србинка докажува дека Јапонија е друг унив... „Jaпонија е свет за себе... Спиев една ноќ во капсула и мислам дека подолго не б...
50 евра по човек за лежалки во прв ред во Пефкохори: Како се движат цените на Халкидики годинава? Условите во баровите на плажа во Грција се значително сменети годинава. Ако неко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg