Еден совршен ден во Токио

Градот на неонски светла и 13 милиони жители константно еволуира и нуди секојдневно нови и безбројни откритија. Токио е град на чудната мода и надреалните стилови и уште многу други работи кои можете да ги сретнете само во него.

eden-sovrshen-den-vo-tokio-01.jpg

Што би можеле да направите ако имате само 24 часа да поминете во Токио? Луѓето од Travelinsider нудат одлична идеја за тоа што се можете да видите.


07:00 Прошетка низ Yoyogi паркот

Денот е секогаш подобар кога ќе започне со прошетка нели? А каде подобро ако сте во Токио во еден од неговите најубави паркови. Лоциран е само на една минута од епицентарот на оној дел од градот каде се наоѓа младоста и модата. Овој парк кој е во должина од 1,8 km ќе ве подмлади и обнови и истовремено ќе биде рај за вашите очи.

Откако ќе завршите со пешачењето можете слободно да се напиете чашка зелен чај од еден од апаратите кои се насекаде во паркот. Тука се наоѓа и најпопуларното езерце кое за време на цветањњето на црешите е најискористено како место за пикник. Можете да го посетите и Meiji храмот кој е во близина на железничката станица.


09:00 Појадок во Токио

Повеќето од пекарите во Токио не отвораат пред 11 часот. Но близу паркот се наоѓа местото наречено Fuglen што во превод значи „Птицата“. Тука можете да уживате во утринското каде кое го носат дури од Норвешка и сендвич од лосос од пекарата Katane.


10:00 Во потрага по книги и списанија

Откако ќе завршите со појадокот можете да се упатите кон Tsutaya книжарницата. Тука можете да уживате во најновите јапонски трендови и секако ако нешто ви се допадне, со себе да понесете и некоја книга или списание.


12:00 Ручек и шопинг во најголемиот дизајнерски центар

Жителите на овој град имаат традиција да ручаат многу порано од времето во кое ние сме научени и навикнати да ручаме. Пробајте и вие да се водите по оваа традиција и седнете во Aoyama's Pan to Espresso to каде можете да пробате вкусен панини ручек со кој ќе добиете и бесплатен пијалок и додатоци.

Потоа можете да уживате во едно брзо кафе и да појдете до местото кое е интернационално познато по своите дизајнерски ревии вклучувајќи и некои од познатите модни дизајнери како Alexander Wang и Rodarte.


14:00 Уметнички пијалоци во Minato

По напорното пребарување на Cat улицата каде се наоѓаат дизајнерите, време е да се опуштите и да уживате во попладневниот коктел. Yoshitomo Nara A-Z кафе барот кој е дизајниран од Graf и често соработува со дизајнерот Yoshitomo Nara. Тука ќе видите интересни инсталации додека ја пробувате домашната сангрија.


15:00 Модерни уметнички галерии

Сите уметнички галерии на Токио се сместени во само една индустриска зграда во Kiyosumi. Тука можете да уживате во убавината на модерната уметност и секако да го посетите музејот на модерна уметност каде ќе видите дел од цртежите на познатиот манга артист Osamu Tezuka. И секако потоа дајте си малу издишка и одморете се во градината на Kiyosumi.


18:00 Уникатна мода во Shibuya

Улиците налик лавиринт без излез на квартот Shibya ќе ве одведат во магичниот свет на уникатниот стил и мода на Јапонија. За надреално јапонско искуство посетете го центарот Tokyu Hands каде ќе можете да купите сè. Од минијатурен мебел до џиновски гумени инсекти.


20:00 Традиционален јапонски храна бар

Уживајте во трдиционалната izakaya вечера но, ако имате време и простор, уште од дома резервирајте си место во градината. И секако што е најважно искусете ги вкусовите на традиционалната јапонска храна.

Таа не само што ќе ве подмлади, туку и ќе ве збогати со искуство за нови и многу поразлични вкусови од нашата домашна храна. Започнете со sashimi, потоа преминете на yuba и завршете со tai no donabe и umeshu за пиење.


23:00 Коктели во „Сокакот на пијалаци“

Завршете го денот во некој од мини баровите на Токио. Нарачајте кригла пиво или некој од вашите омилени коктели и слушајте како минуваат возовите.

Уживајте во галеријата:

Би можело да ве интересира:

10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
10 места на грчкиот остров Тасос што вреди да ги посетите Од лагуната Giola со природен карпест базен, до планинското село Panagia, на Тас...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
„Бев во Неи Пори овој јуни 2023, лежалка со кафе е 5 евра, морето е уште студено, но едно селце кое ... „Пријатно бев изненадена од ниската цена на вилата во која во престојував, од не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg