10 најдобри погледи во Швајцарија кои ќе ве остават без здив
Швајцарија е идеално место за оние кои сакаат да уживаат во континентална клима. Совршена за оние кои сакаат неверојатно зеленило и планински површини кои ќе ги остават без здив.
За оние авантуристички настроените, Швајцарија нуди опасни патеки за возови, стази за скијање и високи врвови за искачување.
Ова се 10-те места кои мора да ги посетите, ако одите во Швајцарија.
1. Wengen
Воодушевувачките погледи кои ги составуваат Венген и дел од Швајцарските величенствени врвови, се континуирано омилено место на посетителите уште од 19-иот век.
Илјадници километри за пешачење и возење точак, безбројни бистри планински извори и реки, снежни покривки и драматични водопади. Така може да се долови она што може да го понуди Венген.
2. Lavaux лозовите насади
Сликовитите полиња се истовремено и едни од најстрмните полиња во Европа. Се простираат по Женевското езеро и во нив вгнездени се прекрасни мали селца каде винарите ги одгледуваат своите лозја.
3. Matterhorn
Планинарите едноставно ја обожуваат патеката на една од најпознатите планини во Швајцарија која е истовремено и со еден од највисоките врвови од 4.500 метри надморска височина.
Вистинска авантура за планинарите, фоторепортерите и спортските ентузијасти.
4. Interlaken
Платформа од која можете да добиете воздушен поглед над шармантниот град Interlaken. Котлина лоцирана меѓу повеќе планини која е дестинација за посета повеќе од 300 години.
5. Jungfraubahn возот
Ова е иконичен воз кој ги носи посетителите низ една од највисоките патеки во Европа. Патувањето тука е исполнето со панорамски поглед, зеленила и планини.
Уште 5 прекрасни погледи на следната страна...
Би можело да ве интересира:





