Најубавиот град вo светот е...

Веќе втора година по ред, овој мистичен град ја доби титулата за најдобар и најубав град во светот.

najdobriot-grad-vo-svetot-e-01.jpg

Кјото, јапонскиот град кој веќе втора година по ред, од читателите на Travel+Leisure магазинот доби најмногу гласови.

По собирањето на резултатите од своите читатели кои го претпочитаат луксузот и патувањето, магазинот ги објави резултатите од својата годишна анкета, каде се бираат најдобри хотели, градови, авио-компании и крстарења. Со својот висок резултат, Кјото повторно ја предводи листата.

За разлика од Токио, кој се смета за портал на модерниот урбанистички живот со неопислива енергија, Кјото нуди сосема поинаков животен ритам, а се состои од преку 1000 будистички храмови, Шинто светилишта, зен градини и традиции поврзани со гејшите, при што овој град воедно се смета и за лулка на нивното создавање.

Погледнете кои други градови се најдоа на оваа листа:

  • Чарлстон, Јужна Каролина
  • Сијам Рип, Камбоџа
  • Фиренца, Италија
  • Рим, Италија
  • Бангкок, Тајланд
  • Краков, Полска
  • Барселона, Шпанија
  • Кејптаун, Јужна Африка
  • Ерусалим, Израел

Инаку, на листата за најдобри градови може да се забележи отсуството на топ туристичките дестинации како Лондон, Њујорк,  Париз, како и претставниците на латинските земји.

Во категоријата за најдобар остров, читателите ги одбраа Галапагос Островите, а по нив следат Бали и Малдивите, додека Disney Cruise е избрано за најдобро крстарење со мегаброд.

Во областа за најдобар хотел, Oberoi Udaivilas, сместен во индискиот град Удајпур, претставува вистинско одликување со луксуз. Singapore Airlines се избрани како најдобра авио-компанија, иако се очекуваше наградата да им припадне на некои од Емиратските компании.

Автор: Е.Г

Би можело да ве интересира:

10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
10 градови кои треба да ги посетите оваа есен 2025-та (по препорака од патувачка блогерка) Амстердам, Холандија... Златните лисја покрај каналите, помалиот број туристи во...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg