5 најубави плажи на Кефалонија

Кефалонија е остров со бројни плажи кои ги задоволуваат сите вкусови. Без разлика дали сакате плажи полни со луѓе и забава или пак, сакате изолирани плажи за приватно уживање со семејството, тука можете да најдете се на едно место.

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-01.jpg

Секоја плажа на овој остров е различна и има своја лична магија која можете да ја изберете за да имате незаборавно летно искуство.

Еве неколку предлози:


1. Миртос

Оваа плажа е заштитен знак на Кефалонија со бројни меѓународни награди како една од најубавите плажи на Медитеранот. Покрај тоа, секоја година Миртос добива сино знаме од Грчката национална туристичка организација.

Погледот тука е единствен и со сигурност ќе ви го одземе здивот. Зеленило кое полека преминува во долга песочна плажа која го прикажува крајбрежјето на Јонското море во најдобро светло.

Тиркизната вода ќе ви го направи пливањето како незаборавно искуство во бесконечното синило кое трае до самото заоѓање на сонцето.

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-1.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-4.jpg


2. Антисамос

За гламур и публицитет, Кефалонија може да се пофали со филмот кој е снимен во 2000-та година „Мандолината на Капетан Корнелиј“ токму на оваа плажа.

Како Миртос, така и Антисамос има сино знаме за туристите кои сакаат да го посетат ова место и да уживаат ви бистрата вода.

Пејзажот тука е комбинација од сите нијанси на сино и зелено, со вегетација која речиси излегува од самото море.

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-5.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-6.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-7.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-8.jpg


3. Петани

„ePiETANoI“ е Хомеров поим кој означува место со изобилие на вода во текот на целата година.

Плажата Петани се состои од фини бели камчиња и кристално чиста тиркизна вода. Патот до плажата претставува место каде природата е единствена и уникатна. Со сигурност ќе ве остави без зборови.

Тука можете да уживате кафе или пијалак на плажа додека го гледате залезот на сонцето.

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-9.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-10.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-11.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-12.jpg


4. Кси

Плажата Кси е исклучок од сите други плажи на Кефалонија, бидејќи тука нема ниту стрмна карпа ниту длабока вода. Нејзина предност е лесната достапност.

Водата тука е идеална за оние кои сакаат да летуваат со своите деца, бидејќи водата е прилично плитка.

Таа е идеална дури и за оние кои сакаат спа третмани. Целата плажа е црвена благодарение на глината која е застапена во големи количини и за која се вели дека ја чисти и затегнува кожата.

Плажата е добро организирана и на неа можете да бргу да најдете место за паркирање. Има место за забава и рекреација и за љубителите на спортовите.

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-13.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-17.png

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-14.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-15.jpg


5. Скала

Кристално чиста вода, вегетација која расте речиси на плажата која е долга преку 3km се неколку причини поради кои Скала е еден од најважните туристички центри на Кефалонија.

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-21.jpg

5-najubavi-plazi-na-kefalonija-20.jpg

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg