Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 трикови за полесно пакување: Парфемите ставете ги во чорапи, облеката диплете ја наопаку

Покрај летниот одмор, зимските празници претставуваат уште едно идеално време за краток одмор и релаксација, односно за некакво патување. Но, тоа со себе носи еден мал проблем – пакување на куферот.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-01.png

Оваа активност речиси никогаш не претставува едноставна работа - не сакате истуткана облека, искршени парфеми или претечен лосион за тело. Ниту пак, недоволен простор за да ви собере сè што планирате да носите со себе.

Затоа, ви предлагаме неколку едноставни трикови со кои најбргу и најчесно ќе се спакувате за вашето следно патување:

1. Свиткајте ги, не ги диплете парчињата облека

На тој начин ќе заштедите на простор и облеката нема да ви биде истуткана.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-1.png


2. Редете ги градниците еден над друг

Како и во првиот случај, не само што ќе заштедите на простор, туку и нема да ги оштетите градниците.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-2.gif


3. Покријте ги чевлите со вреќички или капи за туширање

Ако обичните кеси не ви вршат работа и лесно се кинат, капите за туширање со ластик се идеален избор. Уште една добра алтернатива се платнените вреќички.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-3.png


4. Спакувајте по две маички за секој пар панталони

Поверојатно е дека ќе ја смените маицата, но не и паталоните кои ги носите, па за да го избегнете проблемот со премал простор за пакување, најдобро е на секој пар панталони да спакувате два пара маички.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-4.png


5. Ако ја диплите облеката, здиплете ја од обратната страна

Уште еден добар начин да го спречите виткањето и да се ослободите од грижите дека на облеката ќе ви се направат непосакувани дамки.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-5.png


6. Најтешките работи наредете ги кај тркалцата на куферот

За тежината да ви биде распоредена рамномерно, посебно кога носите куфер на тркалца, тешките работи редете ги токму кај тркалцата.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-12


7. Козметичките средства чувајте ги во проѕирен несесер

На тој начин нема да треба да чепкате по несесерот „на слепо“ и да направите хаос само заради една крема.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-6


8. Каблите ставете ги во кутија за очила

Ништо нема да ви биде заплеткано и ќе знаете точно каде се наоѓаат.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-7.png


9. Лесно кршливите работи, како парфемите, чувајте ги во чорапи

На тој начин ќе ја избегнете можноста вредните работи како скапите парфеми да ви се искршат.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-8


10. Искористете ги чевлите како дополнителен простор

Важно е просторот да го искористите што е можно повеќе, па некои помали предмети секогаш можете да ги вметнете во чевлите. Плус, со тоа ги заштитувате од кршење или оштетување.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-9.png


11. Спакувајте празна вреќа за нечистата облека

Така ќе имате екстра простор за валканата облека, без да ја мешате со чистата неупотребена облека.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-10.png


12. Одберете впечатлив куфер со многу џебови и прегради

Покрај тоа што важно е да бидете организирани, важно е и вашиот куфер да се истакнува од многуте црни, монотони модели.

12-trikovi-za-pakuvanje-koi-kje-vi-go-promenat-zivotot-11.gif

Би можело да ве интересира:

5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
Летни авантури низ Македонија, за оние кои сакаат адреналин Летање со параглајдер над Охридското Езеро или paintball во Струмица – не мора д...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
10-те најоддалечени острови во светот, кои се меѓу најизолираните места на Земјата Тристан да Куња е најизолираниот населен остров - се наоѓа во јужниот дел на Атл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg