Како да ги заштедите парите додека патувате во странство?

Патувањето во странство може да изгледа како недостижна цел. Сепак, постојат неколку техники кои можете да ги употребувате за вашето патување да стане финансиски прифатливо.

Kako-da-gi-zastedite-parite-dodeka-patuvate-vo-stranstvo

На овие начини можете да заштедите пари додека патувате во странство:

Авионска карта

Трошоците за авионските карти се разликуваат. Во секоја недела, месец или година постојат одредени датуми кога картата е многу поевтина. Експертите за патувања препорачуваат картите да се купат 2-3 месеца пред време. Исто така, можете да ги намалите трошоците, ако патувате во текот на работните денови, а не викенди.


Храна

Ако навистина уживате во храната сигурно ќе сакате да ги испробате специјалитетите на државите во кои престојувате. Но, доколку решите да јадете секоја вечер во ресторани, веројатно ќе немате доволно пари да ги посетите сите места кои ги планиравте. Размислете што ви е поважно, да јадете кавијар или да ги видите пирамидите? Купувајте ја храната во малите маркети и самопослуги.


Бидете запознаени со валутата

Девизниот курс се менува постојано, па би било добро да ги истражите овие стапки пред да заминете на вашето патување. Можете да ја размените вашата валута однапред, доколку сте во можност.


Сместување

Многу луѓе избираат хотели за сместување, иако постојат неколку други опции кои треба да се разгледаат. Најевтината варијанта се хостелите, но патниците кои сакаат поголема приватност од хостелите можат да изнајмат стан наместо да одат во хотел. Цените веројатно ќе бидат слични, но во изнајмен стан ќе можете да ја готвите вашата храна со што можете да заштедите многу пари.


Искористете ги предностите на бесплатните настани

Скоро секој поголем град има долга листа на бесплатни забавни опции, но можеби ќе ви биде потребно извесно време да го најдете она што го барате. На пример, во Лондон речиси секој музеј е бесплатен, што значи дека овој град е идеална дестинација за љубителите на уметноста и историјата. Но, доколку повеќе ве привлекува Париз, можете да го посетите Лувр бесплатно, секоја прва недела од месецот. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Атмосферата на Градиште во лето 2025 - освежени цртежи, рајски катчиња (фото) Мммм, кристално чистата вода на Градиште и експлозијата од бои на „Jungle Beach“...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
Пингвини, фоки: Србинка плаче од среќа на Антарктикот и скокна во ледениот Јужен Океан (фото+видео) „Често од другите слушам дека мислат оти сум помалку луда, а денес тоа си го пот...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
На одмор со Миа Костова во грчки камп: „Остануваме по 30 дена, хигиената е одлична, се познавам со 8... „Сите спомени врзани за камп ми се од Градиште, зашто 20 години бевме кампери та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg