Поларна убавица – Финска

Финска е една од поладните земји на планетата, но своето студенило го надополнува со извонредна гостопримливост во секоја смисла на зборот. На ова праче земја може да се најде за секого по нешто - прекрасни пејзажи, огромни низини, чисти и фасцинантни градови, па дури и волшебната Лапонија.

polarna-ubavica-finska-01.jpg

За љубителите на луксузот и комфорот, тука е финската сауна каде може да се релаксираат и уживаат, а за љубителите на снегот тука се прекрасните скијачки патеки кои го одземаат здивот.

Можете да поминете часови и часови шетајќи низ тесните улички на Хелсинки или да го посетите прекрасниот Порво. А оние кои веруваат во новогодишната магија никако не смеат да го пропуштат селото на Дедо Мраз.

Позната и како земја на езерата, Финска брои околу 60.000 езера кои со својата убавина не оставаат никого рамнодушен. Секој кој еднаш ја посетил оваа магична земја ќе ви каже дека сонува за денот кога повторно ќе се најде таму.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Како да ги избегнете најголемите гужви на границата со Грција, пред двата продолжени викенди? Следните два викенди во Македонија се продолжени - понеделник 25 мај е неработен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg