Островот Вис - недопрена убавина без метеж од туристи

Додека поголемиот дел од Медитеранот се претвора во една голема „забава со пена“ под сонце, овој малку подалечен остров лежи тивко, надвор од гужвите – прекрасни лозја, вкусна морска храна и кристално чисти заливи, само за вас.

ostrovot-vis-nedoprena-ubavina-bez-metez-od-turisti-01.jpg

Се приближува речиси крајот на летото. За тој период минував низ локалното шеталиште покрај крајбрежјето, преплавено со кафулиња и туристи на сите страни. Секој застанува да направи фотографија, некаде да вкуси нешто, па дури и да се слика со римски војници облечени во кожени чизми.

Сплит некогаш бил управуван од страна на императорот Диоклецијан, а неговата палата од 4-от век сè уште се наѕира од центарот на градот.

Додека се движам низ толпата, чувствувам страв и ладна пот, како да нема излез од метежот, но за среќа, тоа чувство трае кратко. Дотогаш додека не се качам на ферито кое ме носи од островот Вис.

Тука настапува мир, а мачнината во стомакот магично исчезнува. Јас, уште тројца други туристи и сите останати, локални жители.

Мојата доживотна потреба да најдам некои празни, сочувани, прекрасни места, недопрени од метежот на цивилизацијата, ме доведе токму до Вис - мал, планински остров на 48km оддалеченост од Сплит. Место кое еден пријател ми го опиша како „Последното недопрено место на Јадранското море“.

Како што минува времето, дувка ветерот и го чувствувам струењето на свежиот воздух, речиси 3 часа подоцна се најдов далеку од метежот, ентузијазмот на туристите, оние кои едвај чекаат да пристигне ноќта за забава и оние здодевни луѓе кои од секоја страна те начекуваат и неуморно и бесрамно се обидуваат да ти продадат нешто, да те повикаат во нивниот ресторан или сместување.

Пристигнувам во мојата соба и излегувам на балконот направен во главно од железо. Моментално сум на источниот крај од градот, а погледот е едноставно прекрасен. Поглед кон улици од калдрма и некаде во далечината илјадници лозови насади.

Некои велат дека првите лозја на Јадранот биле засадени токму на Вис, од страна на античките Грци...

Го кревам погледот над калдрмата, црвени покриви и над нив отсјајот на синото море и сончевата светлина која се рефлектира како одблесок од него.

Пристигнува вечерта кога решив да излезам на кратка прошетка покрај пристаништето на Кут. По должината, празни јахти закотвени, неколку продавници и ресторани. На другата страна од мене, тројца рибари пијат. Веднаш до нив, прегрнат пар ужива во шише вино, а до мојата нога, црна мачка се мази и преде.

Чекорам по белите мермерни улици, таму каде веќе илјадници години чекорат Грците, Венецијанците, Југословените, Италијанците, Австријците, Французите, Британците, Хрватите, а во моментов и јас.

Автомобилите се забранети во Кут за време на сезона, факт кој чинам дополнително помага да се одржи тишината во градот.

Уште неколку чекори и пристигнувам до едно мало интимно ресторанче, „Pojoda“. Келнерот ме седнува до група гласни Италијанци и за краток период ми препорачува што да пробам од локалната храна. Ми носи филети од риба и брзо си заминува да ме остави во мир да уживам во јадењето.

Едноставен оброк. Сол, бибер, малку лук и локално ароматично маслиново масло.

ostrovot-vis-nedoprena-ubavina-bez-metez-od-turisti-1.jpg

На враќање звукот на ѕвоната од манастирот го исполни целото село во мракот. Се вратив во собата и наскоро, многу наскоро паднав во длабок сон.

Следното утро, човекот каде престојував, ми зготви вкусно силно ароматично кафе и почна да ми раскажува како, благодарение на Тито, Вис успеал да го одржи својот карактер. Ми објасни дека младите луѓе си заминуваат за Америка и Италија, а оние кои остануваат се постарите. Но, и покрај тоа, за возврат добиваат многу, од природната убавина, мирот, тишината и недопрената магија која го одржува градот во живот.

Излегов на прошетка, а додека се движам по жешкиот асфалт, тивко ветре постојано ми ја разладува кожата, па зраците од сонцето речиси не можат да се почувствуваат. Насекаде празни лозја, градини со бадеми и маслинови дрвја. Наоколу се шири мирисот на лаванда, жалфија и рузмарин, кој е просто насекаде...

Десетина минути подоцна, едвај се разминав само со еден човек.

Токму во тоа е убавината на Вис, необјаснив мир, кој носи длабока душевна среќа и исполнетост.

Случајно, на враќање застанувам покрај плажа да се разладам во мирното море. На неа, само едно семејство кое ужива во кристално чистата вода.

По попладневното разладување, седнувам во еден локален ресторан. До мене неколку мажи облечени во идентични сини маици и чизми. Келнерот на маса им остава огромни чинии со печено јагне, светло-жолти компири и високи стаклени шишиња црвено вино.

Наскоро и јас го добивам својот прв оброк – маринирана сардина подготвена на скара која во себе ги содржи сите вкусови на островот, рузмарин, маслинки, мајчина душица, лаванда, грозје, лимони. На плочата вкусна сардина и печено парче леб.

Подоцна се враќа со мал послужавник со лигњи подготвени во нивниот сопствен сок и малку карамелизирани.

Главниот готвач на куќата го прашувам како ја подготвил оваа вкусна скара, но не сака да ми каже, што повеќе допринесува за мојот восхит – гордоста која ја има во себе и посветеноста да подготви храна и да ги чува своите тајни на подготовка.

Токму во тоа се крие убавината на овој прекрасен остров – мир, магични мириси, живописни пејзажи, недопрена убавина...

Сепак, ако дополнително сакате да уживате во мир, најдобро е да го посетите во септември кога бројот на туристи е сведен на нула.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg