40 совети од искусен патник како да патувате безгрижно

Луѓето кои често патуваат од искуство научиле дека постојат одредени работи кои секогаш треба да ви бидат при рака и во никој случај не смеете да ги заборавите.

40-soveti-od-iskusen-patnik-kako-da-patuvate-ednostavno-i-bez-problemi-01

Тие се готови за само половина час и секогаш имаат со себе сè што им е потребно.

Еден ваков искусен патник ги споделува со вас своите совети за тоа што треба да направите за да имате убаво и едноставно патување без непотребни грижи.

Планирање

1. Проверете ги датумите на патните исправи, секако тие траат повеќе години, но веројатно ретко кој од нас знае точно до кога.

2. Отпечатете ги сите документи, потврди и карти кои можат да ви послужат.

3. Скенирајте ги патните исправи и испратете си ги на мејл. Исто така имајте нивни копии и во телефонот.

4. На мејл имајте ги и сите други податоци важни за патувањето: потврда за осигурување, потврди за букиран лет и сместување...

5. Проверете дали во земјата во која патувате потребна е задолжителна вакцинација, виза и патничко осигурување, без кои нема да ви биде дозволен влез.

6. Проверете што сè е забрането да се внесува во државата.

7. Ако патувате во некоја од муслиманските земји придржувајте се строго до правилата. Во некои земји забрането е дури и држења за рака, бакнување или капење во бикини на јавни места.

8. Проверете каква е струјата во земјата во која патувате и дали ви треба адаптер.

9. Ако морате да носите лекови, задолжително земете со вас и рецепти.

10. Проверете кога ви истекуваат кредитните картички.

11. Проверете какво е времето онаму каде што одите за да знаете каква облека да понесете.

12. Научете неколку корисни изрази на јазикот во земјата во која патувате.

13. Ако имате ограничен број денови, а сакате да посетите повеќе места, уште однапред испланирајте агенда за секој ден.

14. Најубаво е да купите што позабележителен куфер, за лесно да го најдете на аеродром.

15. Десет дена пред патувањето, направете список на сè што ви треба, за во следните денови да додадете работи на кои одма не сте се сетиле.

16. Симнете ги сите апликации кои може да ви бидат од корист (мапи, временска прогноза...)

Букирање и резервирање

17. Побарајте преку некоја агенција да ви пронајде лет, бидејќи на тој начин ќе си заштедите и време и нерви, а на крај и ќе се изненадите од цената, бидејќи агенциите секогаш може да најдат летови по пониска цена.

18. Ако сте премногу високи или имате потреба често да одите во тоалет резервирајте место на крајот од редот во авионот за да не им пречите на другите.

19. Сместувањето букирајте го колку можете порано.

20. Ако имате некаква посебна желба, јасно нагласете го тоа при резервирањето.

21. Авионските карти во вторник и среда наутро се најевтини, а во сабота најскапи.

22. По резервирањето на превозот и сместувањето, проверете кои излети можете да ги букирате онлајн, бидејќи понекогаш популарните работи мора да се резервираат доста време однапред.

23. Ако имате потреба од автомобил најдете агенција од која ќе го изнајмите и дури направете го тоа онлајн доколку е можно.

Патување

24. Облечете лесна и удобна облека за по пат.

25. Имајте со себе уште еден комплет облека за да можете да се пресоблечете доколку патувањето трае подолго.

26. Рачниот багаж може да биде едно парче. Дури и вашата малечка торба е нешто плус па затоа, имајте на ум дека доколку имате резервиран кабински багаж тоа претставува само една торба.

27. Во авион никогаш не ги соблекувајте обувките, освен ако ви се навистина непријатни. Од самиот лет нозете може да ви отечат што дополнително ќе го отежни нивното повторно облекување.

28. Ако сте зависни од интернет и паметни телефони, понесете и резервна (преносна) батерија.

29. Ако морате да пиете лекови, ставете ги во рачниот багаж.

30. Понесете маска за очи и тампони за уши ако се работи за долго патување за да можете подобро да спиете.

31. Ако патувате со бебе, подгответе тампони и за патниците кои седат најблиску до вас за да не се вознемират доколку бебето премногу плаче.

32. На куферот напишете ги вашите податоци, за доколку дојде до губење полесно да го пронајдете.

33. Од сите апарати кои ги носите со себе (машинка за бричење, фото-апарат или можеби и вибратор) извадете ги батериите за да не се исклучат сами од себе и да немате дополнителни проблеми со граничната полиција.

34. Не го затворајте куферот со катанец бидејќи граничната полиција можеби ќе сака да го отвори, а ако е заклучен ќе го направи тоа со кршење на катанецот.

35. Не го спуштајте седиштето за време на полетување и задолжително подигнете го за време на појадокот или ручекот дури и ако вие не јадете, за личноста зад вас да има доволно место да јаде.

36. Патувајте ноќе за да заштедите на време, но и на една ноќ сместување.

37. Издвојте дел од парите кои ги носите и ставете ги на сигурно место. Можете да купите и посебна торбичка која се носи под облеката, каде ќе ги чувате парите и картичките на сигурно од крадци.

38. Ако сакате да заштедите пари, а сте сместени во апартман купете локални намирници и подготвувајте ги појадокот и вечерата сами.

39. Не се облекувајте премногу нападно, а посебно не носете огромен фотоапарат во сиромашните земји. Освен мета на крадците, можете да бидете и мета на луѓето кои просат.

40. Разговарајте со локалните жители, особено ако го зборувате нивниот јазик, бидејќи тие може да ве упатат до интересни локации кои не им се познати ни на самите агенции.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
8 работи на кои не треба да трошите пари на вашиот одмор (кога престојувате во хотел) Не вреди да давате многу пари за полуксузна соба – во повеќето хотели, нема голе...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg