6 корисни трикови при патување со авион

Патувањето со авион понекогаш може да биде многу понапорно од што можете да замислите.

6-korisni-trikovi-pri-patuvanje-so-avion-01

Особено делот од времето кој го поминувате на самиот аеродром.

Следните трикови ќе ви помогнат како да си го олесните патувањето и да избегнете дополнителни проблеми при вршењето на сите аеродромски процедури.

1. Подгответе ги билетите

Доколку сте купиле билети онлајн, едноставно зачувајте ги сите потреби податоци во телефонот за да не морате да губите време пребарувајќи по мејловите.

2. Подгответе го фотоапаратот

Фотоапаратот може да ви биде од голема корист, не само за овековечување на вашите спомени, туку и за полесно ориентирање во просторот. Ако треба да го оставите автомобилот на неколку дена, едноставно сликнете го паркингот и бројот каде сте го оставиле.

3. Олеснете го движењето со багажот

Доколку имате два куфери многу полесно ќе се движите доколку ги свртите еден кон друг и ги споите нивните рачки.

6-korisni-trikovi-pri-patuvanje-so-avion-02

4. Секогаш избирајте ја левата страна

Постои некое непишано правило дека луѓето ги избираат десните шалтери, колони... Токму затоа секогаш кога треба да застанете некаде во лента, избирајте ја левата.

5. Внимавајте на хигиената

На места каде има голема фреквенција на луѓе, големи се и шансите да дојдете во контакт со најразлични бактерии и вируси. Токму затоа секогаш треба да имате при рака течност за дезинфекција.

6. Најдете им занимација на децата

На малите деца може многу лесно да им се здосади дури и ако се работи за кратко одложување на летот. Токму затоа секогаш имајте со вас некои нови играчки кои ќе го задржат нивното внимание.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Во изминатите 3 години имав повеќе од 80 летови – научив 10 трикови кои секој треба да ги знае“ Авионските карти обично се со најповолна цена 4-6 недела пред датумот за летање....
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
„Бев во Минхен, а го посетив и најубавиот замок во Европа - Баварија е како од бајките, летав од Ско... „Со евтин лет од Скопје од околу 2h и автобус од околу 1.5h стигнав до Минхен. А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg