10 места во Европа кои се поубави во пролет
Пролетта е идеално време за патување и истражување, посебно ако сакате да ја истражите Европа.

Доколку не можете да се одлучите на која дестинација да се упатите кога температурите уште малку ќе се накачат и сонцето ќе ви биде верна придружба при прошетките, ви предлагаме 10 места.
1. Задар, Хрватска
Дубровник и Сплит оставете ги за другпат, пролетта е прекрасна во Задар.

2. Италијанските езера
Има толку многу мали и мирни гратчиња покрај италијанските езера и кое и да го одберете во пролет - нема да се разочарате.

3. Лезбос, Грција
Уште една дестинација која не е само летна. Може да ги посетите термалните бањи, спа центри и да правите дегустации на свежа храна.

4. Амстердам, Холандија
Канали, велосипеди, лалиња... доколку досега не сте го посетиле Амстердам, оваа пролет е идеална за тоа.

5. Виена, Австрија
Виена е посебно прекрасна под зраците на сонцето.

6. Копенхаген, Данска
Еколошки град во кој ќе забележите две работи - колку сè е прекрасно дизајнирано и осмислено и колку сите обожаваат да возат велосипеди.

7. Будимпешта, Унгарија
Тука може да се опуштите во некој од големите спа центри и хотели и да го разгледате културното богатство на земјата на пријатни температури.

8. Севилја, Шпанија
Атмосферата на Севилја е повеќе од топла и пријатна, па во пролет слободно може да уживате во тапасите кои ви се нудат на секој чекор и прекрасните сончеви панорами.

9. Љубљана, Словенија
Отворените кафулиња и шеталишта се посебно прекрасни под зраците на сонцето.

10. Париз, Франција
Шармот на Париз исто така е посебен кога има сонце. Класичен избор со кој никогаш нема да погрешите, имајќи ги предвид сите знаменитости и импресивни убавини кои ги нуди.

М. Д. | Црнобело
