Барселона во пролет е секогаш одлична идеја

Каталонската гордост е еден од оние градови кои никогаш не здосадуваат. Во Барселона секогаш ќе пронајдете нови неоткриени скришни катчиња на кои ќе им се насладувате.

Barselona-na-prolet-e-sekogas-odlicna-ideja-01_copy.jpg

Доколку сте ја посетиле, направете план да ја посетите повторно. Доколку не сте биле никогаш досега, пролетта е одлична сезона да ја запознаете Барселона за првпат.

А што ќе видите? Списокот на прекрасни работи е бесконечно долг. Барселона е град кој ги спојува старото со новото, грубото со фино исполираното, уметноста и спортот (што според локалното население се две исти работи), бидејќи фудбалот се сфаќа прилично сериозно.

Па. започнете со неверојатната Саграда Фамилија, па свртете накај куќите на Антонио Гауди, Каса Мила и Каса Батљо. Продолжете до паркот Гуељ некаде непосредно пред зајдисонце и уживајте во погледот кој го прегрнува градот.

Изгубете се во Готскиот кварт, шетајте низ тесните улички, искачете се до Монжуик и вдишете малку историја во познатото Шпанско село. Пуштете ги слободно мислите во Цитадела паркот и задолжително поминете го петалиштето Ла Рамбла барем 2 пати, во случај да не го пропуштите познатиот шарен пазар Ла Букериа.

Доколку сте фудбалски фанатик не пропуштајте го Камп Ноу, а секогаш може да апсорбирате дополнително сонце на познатата плажа Барселонета. За оние со најмногу ентузијазам тука е Монсерат. Одвојте барем еден ден за местото каде што сте најблиску до небото.

Зачинете со многу автентична локална храна и сангрија. Направете стотици фотки, креирајте спомени и бидете сигурни дека повторно ќе се вратите тука, бидејќи кој дошол еднаш во Барселона со сигурност ќе се врати повторно.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 градови кои треба да ги посетите оваа есен 2025-та (по препорака од патувачка блогерка) Амстердам, Холандија... Златните лисја покрај каналите, помалиот број туристи во...
9 работи кои ги пакувате непотребно во куфер (и откриваат дека сте неискусен патувач) Носите куп облека и работи за секој случај кои никогаш нема да ви требаат, како ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
9 работи без кои стјуардесите не тргнуваат на пат (а не треба ниту вие) Чевлите за во авион им се секогаш затворени за добро да ја држат ногата. Секогаш...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg