Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ако летово одите на Санторини: 10 работи кои вреди да ги пробате

Санторини не е само остров познат по најубавите зајдисонца. Санторини е многу повеќе од тоа...

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-santorini-001.jpg

На Санторини можете да вкусите дел од прекрасните грчки јадења, да уживате во традиционалното вино и во целост да го доживеете ова уникатно место.

Ако вашата следна дестинација е токму овој рајски остров, ова се нештата кои дефинитивно треба да ги вкусите:

1. „Red Donkey“ пиво

Ова пиво е автентичен производ од островот. Се произведува и се нуди единствено на локално ниво. Пивото има тропски вкус и арома.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-02

2. Вино „Vinsanto“

Станува збор за локално вино кое е направено преку традиционални процеси, при што грозјето по берењето се суши на сонце 12 до 14 дена. Може да се најде исклучиво во локалните винарии.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-03

3. Алва

Овој десерт е направен од потпечен гриз, прекриен со кора од портокал, цимет и каранфилче, а е сличен на пудингот. Составен е од мал број на состојки, но има прекрасен вкус.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-04

4. Баклава

Овој десерт може да се најде во цела Грција. Но, баклавата на Санторини е посебна, поради употребата на свежи ф'стаци во нејзиниот состав, кои се одгледуваат на островот. Потребно е малку повеќе време за подготовка, но е идеална за посебни прилики.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-05

5. Свежа риба

Можете да уживате во свежо подготвена риба во сите таверни на Санторини. Во повеќето од нив нема да најдете мени, туку едноставно изберете каков вид на риба сакате и уживајте со чаша вино или пиво, додека рибата се подготвува.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-006.jpg

6. Поховани лигњи

Лигњите се храна која се подготвува во многу делови од светот. Но, на Санторини се направени од свежи состојки, што ги прави дополнително вкусни. Ви преостанува само да ги зачините со неколку капки свежо исцеден лимон.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-007.jpg

7. Доматно пире

Направено е од свежи домати кои се одгледуваат на островот. Доматите имаат посебен вкус, што се должи на минералите кои се наоѓаат во почвата на Санторини.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-08

8. Тарама намаз

Овој намаз е подготвен од рибини икри, кои се потопуваат во млеко. Потоа се додавa лимон и рендан кромид, заедно со сув леб. На крајот се додава маслиново масло, за да се добие подобра текстура.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-09

9. Полнети лозови листови

Меѓу традиционалните грчки јадења се и полнетите лозови листови. Меѓутоа ова јадење е посебно вкусно на Санторини, бидејќи е подготвено од лозови листови, набрани од огромните лозови насади на островот. Се подготвува со ориз и говедско месо.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-10

10. Доматни ќофтиња од Санторини

Насекаде во светот се познати грчките домати. Особено вкусен оброк се добива кога ќе им додадете малку лук, нане и брашно. Смесата се пржи и се послужува со пита или пире од грав.

10-najdobri-raboti-koi-treba-da-gi-vkusite-na-Santorini-11

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет... Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
10 топли дестинации каде да ги поминете продолжените викенди оваа пролет Грчкиот остров Крф е посебно магичен за велигденските празници, Рим е совршен сп...
Импресивни локации во Турција, за кои можеби не знаете дека постојат, а вреди да ги посетите Ѓобекли Тепе е најстарото мегалитско археолошко наоѓалиште во светот, а се ...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg