4 дестинации: Совршен избор за секоја жена

Секоја девојка, барем еднаш во животот, посакала да оди на ексклузивно патување со своите најдобри пријателки.

4-destinacii-sovrshen-izbor-za-sekoja-zena-001.jpg

Без разлика дали станува збор за летување, роденденско изненадување или девојачка вечер девојките скоро секогаш имаат конкретни идеи и замисли за тоа како сакаат да изгледа нивното патување од соништата.

Тие прават планови што сѐ да посетат, каде да се забавуваат и како да ги изненадат своите пријателки.

Во продолжение прочитајте кои се најдобрите 4 дестинации за одмор кои треба да ги посети секоја девојка:

Роденденско патување

Виена, Австрија

Дефинитивно одлична идеја за прославување на јубилеен роденден е одење на специјално патување. Доколку се одлучите роденденот да го прославите на ваков начин, Виена е вистинскиот избор за вас. Ќе бидете импресионирани движејќи се по секоја беспрекорно осветлена улица.

Виена е позната по својот шарм од стариот свет, како и по богатите уметнички и интелектуални почетоци. Има многу да се пишува за овој историски град - некогаш дом на Зигмунд Фројд и Бетовен – и тоа многу повеќе отколку што можете да се видите со сопствените очи. Ако имате време да ја истражите околината на градот, тогаш можете да го посетите познатиот Парктер забавен парк и барокната палата Шонбрун.

Прослава за јубилееен роденден? Започнете ја следната деценија од вашиот живот со луксузно искуство. Размислете за резервација во популарниот Парк Хајат Виена кој се наоѓа во центарот на градот. „Домаќините“ со сигурност ќе ви препорачаат на вас и вашите пријателки спа третман, и ќе се понудат да ви направат резервација во едни од најреномираните ресторани во градот, како што се Стеиререк или Фабиос.

Нарачајте роденденска торта во вашата соба, дефинитивно ќе се изненадите од огромниот избор на торти инспирирани од виенската историја.

4-destinacii-sovrshen-izbor-za-sekoja-zena-1.jpg

Патување за детоксикација

Будимпешта, Унгарија

Секој од нас има потреба од патување за детоксикација без разлика на тоа дали станува збор за криза во врската или за мала соло авантура. Важно е да се исклучите од секојдневниот живот, и ако не сте заинтересирани да почнете со јога, време е да започнете со истражување на нов град.

Будимпешта е совршено место за рестартирање. Ова е место каде што ќе можете да ги извадите сите проблеми во термалните бањи и спа-центрите, и тоа пред да тргнете во „Симпл Керт“, познат и под името „уништен паб“ во стариот еврејски кварт во градот.

Додадете велнес во вашиот список на искуства и поминете барем 24 часа во Ариа Хотел Будимпешта, хотел со пет ѕвездички којшто се фокусира на релаксирање на умот и телото. Од приватни сесии со професионален инструктор за јога, па сѐ до часови на врвот од хотелот од каде се гледа базиликата Свети Стефан, постојат многу можности да го истегнете вашето тело и да го средите вашиот ум.

За ноќно излегување, тркнете со вашите пријателки до „High Note SkyBar“, каде што ќе можете да уживате во добра музика и одлични коктели.

4-destinacii-sovrshen-izbor-za-sekoja-zena-2.jpg

Соло патување

Сингапур

Дури и ако сте биле на безброј патувања низ целиот свет, дефинитивно вреди да ја доживеете и соло атмосферата. Помалку време во трчање од состанокот до состанок и повеќе време за да си дозволите сами да диктирате каде ќе јадете, каде ќе престојувате и што ќе правите. Соло патувањето е во тренд со причина: Тоа е потполно извонреден начин да истражите едно ново место, но и самите себеси.

Како една од најбезбедните земји во светот и едно од најпознатите туристичко-пријателски дестинации за посета во Југоисточна Азија, Сингапур е место што дефинитивно треба да се најде на вашата листа за соло авантура. Покрај тоа што може да се смета за огромен пазар, овој мал регион нуди сè, од алпинизам, до фини локали за мирна вечера.

За време на вашиот престој, истражувајте ги ретките цвеќиња и растенија во „Градините покрај Заливот“ и искачете се на високата планина, „Облак Шума“, домот на највисокиот воден водопад во светот. Откако ќе огладнете, посетете го блискиот „Сатај од Заливот“, каде има 19 тезги коишто нудат различни локални улични прехранбени производи (и, се разбира, пијалаци коишто ќе ви помогнат да земете здив).

Резервирајте соба во хотелот „Интерконтинентал“, кој е близу до „Марина Беј“ и „Централниот бизнис округ“.

4-destinacii-sovrshen-izbor-za-sekoja-zena-3.jpg

Патување после раскинување

Фaџардо, Порторико

Раскинувањето е тешко за секој, без оглед колку сте стари или колку сте го сакале вашиот поранешен партнер. Тоа подразбира промена на секојдневната рутина. Ако сте живееле заедно, тешкото раздвојување бара емоционално и физичко бегство. Без разлика дали одите сами на патување или во друштво на доверлив пријател, треба да одберете дестинација која ќе ви овозможи максимално опуштање и мир.

Фаџардо, скриен дијамант во источниот дел на Порторико, е мал град кој вреди да го привлече вашето внимание. Иако не може да излечи скршено срце, прекрасните погледи, приватноста и обиколките на блиската биолуминесцентна лагуна ќе ви го свртат вниманието од стресните емоции.

Престојувајте во „Ел Конкистадор Ресорт“ со пет ѕвездички. Откако ќе поминете низ вратите, ќе се почувствувате помирни и посмирени, особено кога ќе го видите погледот од вашата соба. Бидејќи ова одморалиште нуди поглед на океанот, секој агол е достоен за инстаграм-фотосесија.

4-destinacii-sovrshen-izbor-za-sekoja-zena-4.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава