Пливање со свињи, ноќно нуркање, санкање со кучиња - има ли авантурата рок на траење?

Според некои истражувања, авантурата има рок на траење. Најверојатно, многумина од вас коишто сакаат да патуваат ќе го доживеат како навреда.

Ima-li-avanturata-rok-na-traenje-01.jpg

Во истражувањето биле опфатени 2.000 поединци и 36% од нив рекле дека ризикувањето им станало одбивно како што навлегле во триесетите години од животот. Поточно, на 34 години.

Половина од испитаниците рекле дека ова се должи делумно на фактот што почувствувале дека нивната физичка спремност се намалила како што времето одминувало.

Повеќе од 30% од испитаниците рекле дека тоа што започнале фамилија ја намалила нивната желба за авантура, додека пак дополнителни 15% рекле дека не би се осмелиле да отидат на ризично патување доколку тоа би можело да ја загрози нивната кариера.

Сепак испитувањето не носи само лоши вести, зависно од тоа како гледате на него.

Испитувањето покажува дека сепак една третина од испитаниците сè уште имаат желба за адреналински наплив од екстремните спортови и сметаат дека нема потреба да престанат со тоа.

Пред да се откажат од нивните авантуристички животи, испитаниците се изјасниле дека една шестина од нив уживале во скијањето, една петина од нив сакале планинарење, а уште една петина сакале да се качуваат на планини со велосипед.

Навистина, доколку толку многу го сакате, зошто да се откажете? Возраста сепак е само бројка, а авантурата е состојба на размислување.

Затоа продолжете да сонувате и изберете авантуристички годишен одмор којшто може да се практикува без разлика на годините.

А каде одат луѓето кои се зависни од авантури? Кои се нивните најомилени дестинации кои отскокнуваат од шаблонот море-плажа-хотел?

Пешачење до Мачу Пикчу

Што ако сте достигнале одредена возраст? Доколку сте физички спремни, пешачењето до Мачу Пикчу ќе ви биде една од најхрабрите животни авантури.

Ima-li-avanturata-rok-na-traenje (5).jpg

Пливање со свињи на Бахамите

Доколку сакате да се споите со природата додека уживате на плажа, тогаш одете на белите песочни плажи на Ексумас – ланец од преку 365 минијатурни острови на Бахамите, коишто се дом на неколку десетици свињи. Да, свињи коишто се подготвени да го поминат летото со вас.

Ima-li-avanturata-rok-na-traenje (3).jpg

Ноќно нуркање во Козумел

Секако дека во Мексико можете да седите по цел ден на плажа, пиејќи маргаритa, но можете и да облечете нуркачка опрема и да одите на ноќно нуркање со морските суштества.

Да го видите океанот навечер под вода е нешто што мора да се доживее за да се поверува колку е необично. Почнувајќи од ракови, ајкули, флуоресцентни планктони, цел нов свет се отвора штом ќе зајде сонцето.

Ima-li-avanturata-rok-na-traenje (1).jpg

Возење на санка со кучиња

Појдете во скијачкиот град Стоув во Вермонт доколку сакате авантуристички бегства од секојдневието. Таму ќе можете да се пуштите на бројните падини на планината Стоув, а ќе најдете секаков вид на скијачки патеки, почнувајќи од почетнички, па се до експертски.

Покрај ова можете да отидете и во сауна во локалниот ресорт или да се повозите со санки кои ги влечат кучиња. Доколку го посетите ова место на лето или на пролет, ќе можете да се повозите и во балон на топол воздух.

Ima-li-avanturata-rok-na-traenje (6).jpg

Возење со џип до центарот на расадот Сан Андреас

Палм Спрингс е вообичаено место кое асоцира на мирен одмор во Калифорнија, но истовремено таму се наоѓа и расадот Сан Андреас.

Доколку сте доволно храбри да се соочите со расадот којшто најверојатно еден ден фатално ќе ја затресе Калифорнија, тогаш може да резервирате тура со џип до неговото дно, а по пат ќе видите и голем број на змии ѕвечарки.

Ima-li-avanturata-rok-na-traenje (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
Не е Кариби, Халкидики е: Најубавата плажа во Европа за 2025 одзема здив со рајска убавина Глетката од птичја перспектива одзема здив со уникатната формација поделена во д...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
На одмор со Маја Кикириткова во хрватски камп: „Поскапо е од кампување во Грција, но има топла вода ... „Првата година отидовме кај пријатели во Љубаништа, со нас немавме буквално ништ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg