Токио е прекрасен и безбеден, Нов Зеланд здодевен – оправдани стереотипи за познати светски локации

Кога го употребуваме зборот стереотип, неминовно ни се наметнува некое лошо очекување за нештата. Но постојат стереотипи коишто се оправдани и во позитивна смисла.

Opravdani-stereotipi-za-poznati-svetski-lokacii-01.jpg

„Таа земја не е безбедна, таму луѓето се ужасни, предосадно е…“. Веројатно сте слушнале многу различни коментари за разни дестинации, особено доколку сакате да патувате.

Кои се позитивните стереотипи кои се сосема оправдани кога станува збор за одредени земји во светот?

Токио е прекрасен и безбеден

Оваа изјава не може да биде поточна. Покрај тоа што главниот град на Јапонија плени со својот урбан изглед, архитектонските зданија какви што не постојат на друго место во светот, како и нивото на чистота и хигиена, Токио е неверојатно безбеден град за живот.

Имено, можете буквално да ја оставите торбата со вашиот лап топ или дрон на тротоарот од улицата и бидете сигурни дека никој нема ниту да се заврти за да ја види, камо ли да ја поземе или украде.

Истото се случува и со мобилните телефони. Може случајно да го заборавите во ресторан и да си го пронајдете неколку часа подоцна на истото место. Додека во други земји во светот веднаш ќе ви го украдат или ќе започнат да се сомневаат на можност за терористички напад, во Токи навистина никому не му е гајле за вакви работи.

Opravdani-stereotipi-za-poznati-svetski-lokacii (7).jpg

Нов Зеланд е здодевен

Туристите често пати знаат да кажат дека во Нов Зеланд не се случува ништо лошо. Во другите земји на вестите постојано се вртат прилози за убиства, опасни криминални дејствија или терористички напади и силувања.

Во Нов Зеланд пак вестите известуваат за стада овци, човек кој малку се поднапил и случајно влетал на маса со пикник или полицијата која нашла сомнителен пешкир во близина на океанот.

Додека вестите од другите земји ќе ве вознемират, во Нов Зеланд ќе ве насмеат и опуштат. Бидејќи новото на возбуда е прилично ниско, а земјата има повеќе овци отколку жители, многумина сметаат дека по кусо време ќе ви се здодее од Нов Зеланд.

Opravdani-stereotipi-za-poznati-svetski-lokacii (4).jpg

Во Бразил сите играат фудбал

Фудбалот е единствениот спорт во Бразил на кој му се обрнува внимание. И апсолутно сите играат фудбал! И богатите и сиромашните, и старите и младите, и жените и мажите.

Скоро на секој ТВ канал се емитуваат фудбалски натпревари. Фудбалот е еден вид религија во Бразил. Токму поради ова, Бразил секогаш остава толку влијателна трага на секое светско првенство.

Бразил е единствената земја која се има квалификувано буквално на секој светски куп и ја има понесено титулата 5 пати досега.

Во земјата од која потекнуваат големите фудбалски мајстори како Роналдо, Роналдињо и Нејмар доколку шутнете фудбалска топка кон некого, тој нема да се налути туку баш напротив – ќе се израдува.

Доколку постојат две религии во Бразил, сосема оправдано е да се каже дека втората е христијанството. Првата е секако фудбалот.

Opravdani-stereotipi-za-poznati-svetski-lokacii (2).jpg

Во Тајланд сè е евтино

Кога се работи за патувања, сите сакаме да поминеме што е можно поубаво и поевтино. Тајланд е една од оние совршени локации кои ги исполнуваат сите можни услови на листата за патување.

Прекрасна живописна природа, евтино сместување и храна. Може да пронајдете ноќевање во луксузен хотел за само $30 долари и да јадете богат оброк за неверојатни $6 долари.

Чинија зготвени нудли се продава за само 35 центи. Многу веројатно е дека голем дел од буџетот наменет за трошење додека сте на одмор во Тајланд ќе си го вратите дома.

Opravdani-stereotipi-za-poznati-svetski-lokacii (5).jpg

Стереотипите, позитивни или негативни, се сепак прилично погрешни. Не е дека буквално секој игра фудбал во Бразил. Сигурно има многумина што го мразат националниот спорт и гордост.

И во Нов Зеланд луѓето имаат проблеми со кои секојдневно се соочуваат, а одредени делови од Тајланд знаат да бидат прилично скапи.

Никогаш не можете да кажете дека нешто е 100% точно за одредена земја. Но, дури и да е вистинито над 50%, светот можеби и не е толку лошо место за живот кога една нација се заморува повеќе за фудбал, отколку за политика.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
9 предлози за одлична забава во Нови Сад за викенд – Кои настани да ги посетите во септември и октом... Кога температурите ќе почнат да паѓаат, лисјата да пожолтуваат, а низ улиците на...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Од забави до зори на EXIT до дегустација на 500 различни вида вино – Зошто треба да го посетите Нови... Нови Сад, градот кој истовремено е и мирен и полн со живот, нуди по нешто за сеч...
Носталгија по детството во викендичката блиску Куманово – месен леб, музика од грамофон и легенди за... Постојат места кои се отвораат како портал и нè враќаат во нашите спомени од дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg