Примамливи земји за одмор, каде ќе поминете поевтино од очекуваното

Унгарија

  • Сместување: од 7 евра (хостел), од 10 евра (хотел)
  • Храна: од 2.5 евра
  • Транспорт: од 1.14 евра

Унгарија иако можеби не е толку многу популарна, сепак има многу да понуди, како и повеќето европски земји, плус има еден бонус – достапни цени.

Можете да одберете хостел за 7 евра, хотел со цена помеѓу 10 и 20 евра или да се одлучите за couchsurfing искуство бесплатно.

Можете да посетите музеи во Будимпешта без да платите, да се релаксирате покрај езеро, да уживате на полињата од лаванда и да гледате антички тврдини.

Во ресторан, може да потрошите од 2-6 евра, а во маркет, леб, сирење, вино и пилешко би ве чинело околу 11-12 евра.

Билет за јавен транспорт чини околу 1.14 евра, а можете да купите и целодневна карта која чини околу 5 евра.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-07.jpg

Филипини

  • Сместување: од 4 евра (хостел), од 9 евра (хотел)
  • Храна: од 1.8 евра
  • Транспорт: од 0.3 евра

Природа во која ретко кој не би уживал, топла клима, бели плажи и историски градби кои може да ги истражите.

Цените, секако во зависност од барањата и местото, варираат. Може да најдете хостели и хотели за цена од 4-14 евра, а може и да изнајмите цела куќа за 260 евра месечно.

Во локалните кафулиња, појадокот и ручекот чини од 1.8-3 евра, а туристите најчесто се превезуваат со велосипет, брод или фери, а најевтин транспорт се ретро џиповите за повеќе луѓе.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-08.jpg

Албанија

  • Сместување: од 5 евра (хостел), од 10 евра (хотел)
  • Храна: од 2 евра
  • Транспорт: од 1 евро

Албанија исто така има многу градови кои вреди да се посетат, летувалишта и други места кои ќе ве воодушеват.

Лесно е да се најдат удобни соби во хостел по цена од 5 евра, а во хотел од 10 евра. Цените за храна и алкохол во Албанија се помеѓу најевтините во Европа.

Уличната храна е вкусна и чини околу 1.8 евра, а во рестораните оброците се од 3.5 евра па нагоре. Кафето е околу 0.5-1 евро, а трошокот за транспорт ќе ви биде многу мал.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-09.jpg

Бали

  • Сместување: од 3 евра (хостел), од 8 евра (хотел)
  • Храна: од 2 евра
  • Транспорт: од 0.36 евра

Магично место кое секој сака да го посети, но се плаши од трошоците. Сепак, постои начин да уживате во сите убавини кои ги нуди Бали и да ги доживее прекрасните искуства без многу да потрошите.

Можете да изнајмите соба во хостел за 3 евра, или во хотел за 8 евра. Појадокот чини околу 1.5-3 евра, а ручекот за двајца во кафулиња од 4-8 евра.

Вегетаријанските оброци почнуваат од 1 евро, а евтино овошје може да се најде малку подалеку од самиот брег. Цените за транспорт почнуваат од 0.36 евра, а таксито чини од 2.5 евра па нагоре.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-10.jpg

Никарагва

  • Сместување: од 4 евра (хостел), од 10 евра (хотел)
  • Храна: од 2 евра
  • Транспорт: од 1 евро

Ако ја посетите Централна Америка, не ја пропуштајте Никарагва. Можете да изнајмите соба во хостел за 4 евра, а во хотел од 10.

Посоодветно е да јадете надвор за 2-8 евра, а на плоштадот во Гранада има и оброци кои чинат 2-3 евра. Јавниот превоз чини од 1 евро нагоре, а такси до други градови најмалку 25 евра.

Можете да патувате и да уживате во убавините на парковите со орхидеи, вулкани, песочните бели плажи и уште многу други прекрасни работи.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-11.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...
Кети од Скопје за патувањето со другарките во Андалузија: „Специјалитет им е опаш од бик, уживавме в... Тетка (и баба) Кети од Скопје си има традиција – еднаш или двапати годишно да ор...
Сандра Кирков за патувањето во Дубровник, каде студирала: „Каде и да залуташ, ќе завршиш на убаво ме... „Дубровник е еден од ретките градови каде што никогаш не брзам. Ми се шета без п...

Најчитани неделава