Примамливи земји за одмор, каде ќе поминете поевтино од очекуваното

Секоја земја има посебни убавини и карактеристики и секој љубител на патување би посакал да посети што повеќе од нив.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-01.jpg

Но, мора да признаеме, дека многу често, замислата за тоа колку ќе чини патувањето, нè спречува во исполнувањето на целта.

Верувале или не, постојат прекрасни земји, во кои може да поминете многу поевтино од очекуваното.

Секако, можеби не би биле сместени во хотел со 5 ѕвезди и не би јаделе во најскапите ресторани, но ако навистина сакате да отидете во некоја од нив, постои начин.

Погледнете кои се тие и испланирајте го следното патување:

Романија

  • Сместување: од 6 евра (хостел), од 11 евра (хотел)
  • Храна: од 3 евра
  • Транспорт: од 0.34 евра

Романија е земја во која има многу што да се истражи – пештери, паркови, замоци и тврдини, вулкани и уште многу други места што се некаде помеѓу реалноста и бајките.

Цените за сместувањето може да варираат во зависност од градот. Во хостелите почнуваат од 6 евра, а во хотелите од 11. Можете да се сместите и во мини бунгалови покрај море за цена од 8 евра.

Вкусната традиционална храна се служи на многу места, а за неа нема да потрошите повеќе од 3-5 евра. Јавниот превоз на улиците чини околу 0.35 евра, а дневна карта во метро чини околу 1 евро.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-02.jpg

Португалија

  • Сместување: од 8 евра (хостел), од 16 евра (хотел)
  • Храна: од 4 евра
  • Транспорт: од 1.85 евра

Во оваа земја едноставно сè е прекрасно и има многу причини зошто да ја посетите. Може да изнајмите соба во хостел од 8 евра, а хотел од 16 евра.

Едно од најпопуларните јадења е бакалар со зеленчук што чини околу 3-4 евра, печена риба околу 2 евра и други слични јадења кои во локалните кафулиња чинат околу 11 евра за двајца.

Можете и сами да си зготвите јадење со намирници како пилешко (6 евра), сирење (5 евра), овошје (2 евра), мусли (2.5 евра).

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-03.jpg

Бугарија

  • Сместување: од 7 евра (хостел), од 15 евра (хотел)
  • Храна: од 2 евра
  • Транспорт: од 0.51 евро

Бугарија нуди многу различни убавини во летните и зимски ресорти, но и во обичните градови каде може да прошетате. 

Хостелите се прилично евтини со цена од 7 евра. Во Софија цените почнуваат од 15 евра, а бунгаловите чинат околу 12 евра.

Ручек во ресторан може да ве чини околу 4 евра, а појадок во кафуле се наоѓа и за 1.5 евра. Во кафеаните пак, ручек за двајца е од 10 евра па нагоре, зависно што ќе нарачате.

Има маркети во кои можете да најдете намирници по евтина цена и сами да зготвите, а цените за транспортот се движат околу 1 евро во градовите.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-04.jpg

Перу

  • Сместување: од 5 евра (хостел), од 11 евра (хотел)
  • Храна: од 2 евра
  • Транспорт: од 0.4 евра

Оваа земја нуди неверојатни убавини на кои долго ќе им се восхитувате – од стари градови, до легендарни езера и огромни водопади. Не заборавајте да пробате традиционална кујна – ceviche, anticuchos, такос, бурито и кисели коктели.

Во локалните кафулиња и ресторани се наоѓа вкусно пилешко и зеленчук за околу 2 евра, ручек во ресторан би чинел околу 3-5 евра, а целосен ручек на база на самопослужување може да чини околу 8 евра.

Во некои маркети, за 10 евра можете да купите леб, јајца, овошје, сирење и пилешки гради па сами да си подготвите ручек.

Јавниот превоз чини околу 0.4 евра, а автобус помеѓу поблиски градови од 1-3 евра. Возење со такси чини околу 4-8 евра зависно од релацијата.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-05.jpg

Полска

  • Сместување: од 7 евра (хостел), од 17 евра (хотел)
  • Храна: од 4 евра
  • Транспорт: од 0.8 евра

Полска ви овозможува да го истражите прекрасниот главен град, да прошетате низ замоци и тврдини, да уживате во прекрасните езера, како и во ски ресортите.

Оваа земја има достапни цени, со хостели кои често нудат попусти и чинат од 7 евра, а просечна хотелска соба за двајца во Краков може да чини и околу 20 евра.

Ако купите млеко, леб, јајца, ориз, компири, кромид, пилешки гради и вино, може да платите околу 11 евра во маркет. Капучино или чаша пиво чини околу 1.6 евра, а во локалните кафулиња може да јадете за 4-6 евра.

Вреди да си купите карта за транспорт која важи 1-2 дена бидејќи така ќе ви биде поисплатлив превозот.

prekrasni-zemji-vo-koi-patuvanjeto-mozhe-da-ve-chini-pomalku-od-ochekuvanoto-06.jpg

Уште 5 земји на следната страна...



Би можело да ве интересира:

5-те најубави плажи во близина на Кавала (идеални и за забава и за одмор со деца) Плажата Vrasida е сместена во залив, помеѓу Ammolfi и Nea Peramos и е една од на...
Практичен водич за деловни патувања: Што да понесете и како да се спакувате? Облеката што ќе ја понесете зависи од должината на патувањето. Но, за тридневно ...
20 причини зошто да се откажете од сè и да се преселите во Шпанија Сонце преку цела година и прекрасни плажи, попладневна сиеста, сангрија, „религи...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кога се пакувате за одмор: Што да спакувате во рачен багаж, а што во куфер? Што да спакувате во рачниот багаж, а што во куферот? Оваа листа ќе ви се најде д...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg