Белгискиот Антверпен - животно патување на кое секогаш ќе му се навраќате

Белгија како држава секогаш ме фасцинираше по тоа што се зборуваат дури три јазици: холандски, француски и германски. Интересна комбинација посебно за јазичарите. 

belgiskiot anverpen grad na koj sekogas kje mu se navrakjate 6

Посетата на Антверпен за мене претставуваше едно од оние искуства на кои секогаш им се навраќам. Доволно да посакам барем да го посетам уште еднаш во животот, знаејќи колку места допрва треба да откријам.

Патиштата на регионот Фландрија ме спроведоа до самата периферија на Антверпен, па со локален транспорт се префрлив до плоштадот Гроте маркт со необичен споменик на младиот херој Брабо, креирана од скулпторот Jef Lambeaux во далечната 1887.

За овој белгиски град кружи една интересна легенда. На времето постоел дивиот Антигон, кој живеел на бреговите на реката Шелда и им наплаќал данок на сите кои сакале да пловат низ реката.

Младиот Брабо храбро се спротивставил, така што му ја отсекол раката на Антигон и ја фрлил во реката. Познатата легенда целосно е проектирана во архитектонската изведба на градот што не постои шанси да не се забележат легендарните мотиви.

belgiskiot anverpen grad na koj sekogas kje mu se navrakjate 4

Преку couchsurfing најдов сместување во стан на двајца студенти. Ден, кој студираше лингвистика и Нина, максимално посветена на филмска режија. Неколкудневниот престој ми годеше.

Преку ден шетав низ градот и уживав во енергетската циркулација што постоеше низ улиците, каде некогаш, поточно во 1920 година истите улици биле користени за велосипедистички натпревари како дел од Летните Oлимписки игри.

Голем впечаток ми остави The Cathedral of Our Lady каде се наоѓат познатите слики на Петер Паул Рубенс, фламанскиот сликар и еден од најголемите мајстори на барокниот стил.

Се сеќавам дека воодушевено ги гледав делата The Raising of the Cross, Тhe Assumption of the Virgin Mary и The Descent from the Cross, благодарен што имав можност да зачекорам и да го засведочам тој момент.

belgiskiot anverpen grad na koj sekogas kje mu se navrakjate 3

И централната железничка станица на Антверпен претставува дел од врвна архитектура. Отворена во 1905 година, а дизајнирана од страна на Louis Delacenserie, објектот има две необарокни фасади и висока купола од метал и стакло.

belgiskiot anverpen grad na koj sekogas kje mu se navrakjate 9

Додека се наоѓав низ улиците имав чувство дека сум во типичен белгиски град, но штом излегов на кејот и пристаништето на реката Шелда, помислив дека се наоѓам на море. Таков емотивен контраст одамна немав почувствувано.

Од моите познаници дознав дека пристаништето во Антверпен, после она во Ротердам, е второ по големина и самата локација претставува одлична положба за да може да се одвива лесен транспорт до Средна Европа.

belgiskiot anverpen grad na koj sekogas kje mu se navrakjate 1

Поголем дел од луѓето мислат дека популарните компири „френч фрајс“, потекнуваат од Франција, но грешат. Белгија е нивното родно место, поради тоа на секој втор чекор се продаваат со различни сосови.

А пак вкусните колачиња во форма на дланка, наречени Antwerpse Handjes е заштитниот знак преку кој се препознава самиот град.

belgiskiot anverpen grad na koj sekogas kje mu se navrakjate 2

Во секој случај Антверпен е град кој може да ги задоволи сите вкусови. Доволно голем за да им обезбеди разновидни активности на сите посетители, па затоа не двоумете се многу, „тркнете“ до Антверпен и уживајте во уште едно животно патување.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Неверојатниот шарм на Дојран – градот кој на лето со „Д фестивал“ се трансформира во најголемиот цен... Дојран, шармантното, мирно гратче на југот на Македонија, кое како да спие преку...
10 места низ Европа што можете да ги посетите ова лето 2023 Полуостровот Истра е преубав дел од Хрватска кој вреди да се посети на лето, осо...
Го посетив селото на Попај морнарот во Малта - бајковита дестинација која ме врати во детството и ми... Она што навистина ме врати во детските денови и ја разбуди мојата меморија со сл...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg