7 европски дестинации скроени за пролетна авантура

Природата полека се буди, сè уште сонлива од својата зимска зачмаеност, а ние не отскокнуваме многу од овој шаблон.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura-01.jpg

Сепак, сончевите зраци ни ја даваат онаа доза оптимизам која полека нè враќа во живот, а поттикот да се отпатува некаде е огромен.

Кои се најдобрите европски дестинации скроени за пролетната сезона? Каде да отпатувате во првото и според многумина – најубавото годишно време?

Елба, Италија

Италијанскиот остров се наоѓа во Тиренското Море, на само 10 km оддалеченост од брегот на Тоскана. Елба е најголемиот остров во Тосканскиот архипелаг и трет по големина во Италија.

Познат по својата гастрономска превкусна кујна, прекрасните златно песочни плажи и ридовите преполни цвеќе, шетајќи низ Елба ќе почувствувате остар мирис на борова шума, а сите оние кои обожаваат да нуркаат пријатно ќе се изненадат од она што има да го понуди овој магичен остров.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (1).jpg

Хардангер, Норвешка

Многу веројатно е дека не би требало да имате никакви сериозни очекувања од Норвешка на пролет, но Хардангер ќе ви го докаже спротивното.

Сместен во западниот дел од Норвешка, Хардангер претставува одличен спој на снежно бели планински врвови од една страна и расветани дрвја и цвеќиња од друга страна.

Нема да може да се одлучите на кое годишно време му припаѓа пределот кој ќе ве освои со богати живописни пејзажи и неверојатен мир и хармонија.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (2).jpg

Лозана, Швајцарија

Средновековна архитектура и бројни винови лозја кои ја опколуваат, Лозана е мало парче рај покрај Женевското Езеро. Готската катедрала и Олимпискиот музеј се само дел од знаменитостите кои вреди да ги ѕирнете во Лозана.

Стариот дел на градот крие лавиринт од мали улички низ кои се шират ароми на вкусни швајцарски деликатеси. Погледот кон езерото е величествен, ќе се почувствувате слободно додека пловите на некое од бротчињата кои постојано крстосуваат по мирното синило.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (3).jpg

Анси, Франција

Неофицијално прогласен за еден од „најфотогеничните“ француски градови, Анси е многу повеќе од солиден материјал за Инстаграм.

Совршен за опуштање и романтика, Анси ќе ве освои со шарено бојадисаните фасади. Анси замокот и градскиот музеј за анимирани филмови се задолжителни дестинации, а езерото е совршен избор за сите оние кои уживаат во спортовите на вода.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (4).jpg

Халштад, Австрија

Ова алпско село е мало скриено европско богатство со многу материјал за истражување. Рудниците за сол во Халштад се едни од најдлабоките и најстарите во светот, па посетителите се охрабруваат да го истражат соленото езеро во неговата близина.

По кусата прошетка од градскиот пазар пристигнувате до една од најфотканите локации во светски рамки – халштадските домови сместени во срцето на планините кои се рефлектираат во мазната сјајна водена површина, додека снежните врвови се извишуваат над нив.

Планинарската патека Echerntal привлекува многубројни истражувачи, поети, планинари и сликари.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (5).jpg

Минхен, Германија

Главниот град на Баварија нуди неверојатна архитектура, гламурозни дворци и дише со историја, а истовремено е толку модерен и современ што нема да се досадувате ниту една минутка.

Врвна храна, многу пиво, шопинг, неверојатно раскошни паркови, напредна технологија, Минхен е една од оние дестинации кои се празник за сите сетила.

Со сигурност ќе бидете сведок на некој од многубројните пролетни фестивали кои се одржуваат во Минхен со различна тематика.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (6).jpg

Рига, Латвија

Изобилство од расцутени црешови дрвја ќе ви го заматат погледот како и целокупната природа и зеленило на главниот град на Латвија. Стариот град со своите калдрмисани улички е начичкан со добро зачувана архитектура која се враќа 8 векови наназад.

„Тивкиот центар“ на градот ќе ве воодушеви со зградите во арт-деко стил какви што ретко може да видите.

Градот „врие“ од добри места за јадење и пазарување, националниот парк е локација која не смеете да ја пропуштите, а целокупната атмосфера во Рига е пријатна и потсетува на модерна современа бајка.

7-ervopski-destinacii-skroeni-za-proletna-avantura (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 европски патувања (со автомобил) на кои треба да отидете барем еднаш во животот Некои патувања се создадени за авантура, а не само за туристички разглед. Затоа,...
Ја посетив Махо, популарна плажа до аеродром на Карибите - Постојано нè надлетуваа авиони, имаше огр... На островот Сент Мартин вистинска атракција е плажата Махо, само поради нејзинат...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
Фрушка Гора - бисерот на Војводина кој ќе ве плени со вековните манастири и винската понуда Оние што ги посетиле Нови Сад и фрушкогорскиот регион велат дека гастрономската ...
„Го посетив Мехелен - белгиско гратче со калдрмисани улички и прекрасна архитектура на 20 минути од... Мехелен е мало белгиско гратче кое се наоѓа помеѓу популарните и раздвижените гр...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg