Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 начини на кои патувањата може негативно да си поиграат со вашиот ум

Од разочараност од одредена дестинација со необјаснива агресија, па до полудување од убавина со халуцинации и губење на ориентација... Патувањата може да ви донесат сè!

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-01.jpg

Патувањата се магични, но негативната страна им е што на нив ги трошите своите тешко заработени пари, а може да си поиграат и со вашиот ум.

На патувањата треба да не се преоптоварувате, а особено треба да бидат внимателни оние кои неодамна имале некое негативно искуство или се склони кон депресија. Доколку примате некои лекарства, не заборавајте да ги понесете со себе.

6 ментални проблеми кои може да ви се случат за време на патувањата:

Париз синдромот

Одите во Париз и првата дестинација ви е Ајфеловата кула, зарем не?

Појавата на Париз синдромот не зависи од нацијата, но најчесто ги погодува Јапонците, кои се познати по љубезноста и гостопримливоста, а во Франција се соочени со непријателски однос, кражби и измами, понекогаш и разочараност од тоа како изгледаат туристичките атракции во реалноста.

Симптоми: Чувство на разочараност, халуцинации и губење на врска со реалноста, необјаснива агресија, хистерија, вртоглавици и мачнини.

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-02.jpg

Ерусалим синдром

Секој турист што ќе го посети Израел и ќе оди на светите места, има шанса да почне да се замислува како некој херој од религијата. Ова може да се манифестира со правење сцени, извикување пророштва и малтретирање на други луѓе, но поминува за кусо време откако туристот ќе го напушти градот.

Симптоми: Голема емотивност, желба да се оддели од групата и да патува сам, опсесивна желба за чистота (пречесто туширање/ желба за сечење нокти), кажување на цитати од верските книги.

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-03.jpg

„Полудување“ од убавина

Ако сретнете некоја позната личност, некоја многу убава личност или посетите неверојатно убава дестинација, без разлика дали музеј, зоолошка градина или улица во кој било дел од светот, може да полудите од преплавеноста со чувството на убавина.

На пример тоа може да ви се случи во некој од музеите во Фиренца.

Симптоми: Вртоглавици, халуцинации, тахикардија, губење на ориентација за време и простор, хистерија и деструктивно однесување.

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-04.jpg

Бегство од дома

Синдромот „дромоманија“ се јавува кај туристите кои не знаат која ќе биде нивната следна дестинација. Сè зависи од нивната ментална состојба, тие имаат ургентна потреба да го напуштат домот и да заминат каде било.

Како да бараат бегство од некоја стресна ситуација дома. При патувањето лицето ја смирува својата вознемиреност. Некои луѓе на ваквите патувања остануваат многу долго.

Симптоми: Импулсивност да се замине (дури прекинуваат одредена активност и во моментот тргнуваат), неподготвеност за пат (забораваат дури и документи во брзање), индиферентност кон обврските.

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-05.jpg

Културолошки шок

Убавината на патувањето е што запознавате луѓе со поинаков начин на живот, нов јазик, култура, храна итн.

Но, негативната страна е кога ова моќно доживување може да ви предизвика паника и желба да се сокриете од надворешниот свет.

Симптоми: Фаза „меден месец“ кога се ви е прекрасно на дестинацијата, потоа фаза кога сè ве нервира – од транспортот до навиките на луѓето, депресија и желба да се вратите дома. Но, ако успеете да го надминете ова потоа ќе преовлада оптимизмот дури и за живот на новата дестинација.

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-06.jpg

Културолошки шок, но во обратна насока

Како се чувствувате кога од убав одмор се враќате дома? Депресивно и разочарано и вашиот дом веќе не ви изгледа толку убаво како претходно.

Започнувате да мислите дека вашиот роден град е сив, а домот очаен.

Симптоми: Ви недостига на странски јазик да порачате кафе, ги гледате сите мани на вашиот град, се чувствувате заглавено во рутината, имате чувство на потиснатост.

6-nachini-na-koi-patuvanjata-moze-negativno-da-i-poigraat-so-vashiot-um-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Најубавите и најпопуларните дестинации за 2025-та, според Tripadvisor Лондон е прогласен за најдобра дестинација и во Европа, и во светот, додека на л...
6 романтични дестинации во Европа, идеални за патување со партнерот Зошто да не го поминете Денот на вљубените во Париз кој важи за најромантичниот ...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....
Традиционални (летни) специјалитети што треба да ги пробате низ Европа Полнети пиперки и домати во Грција и препознатливиот сладолед во Турција – кои (...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg