Неколку причини за уште повеќе да го сакате морето

Морскиот воздух и водата се навистина лек за душата и нема ништо подобро од тоа да уживате на плажа, слушајќи ги брановите како плискаат на брегот.

nekolku-prichini-za-ushte-povekje-da-go-sakate-moreto-01.jpeg

Но, она што треба да знаете е дека кога се враќате од одмор покрај море, се враќате поздрави и физички и ментално. Сигурно и самите сте забележале дека вашите коса и кожа блескаат кога сте таму.

Но, еве и кои здравствени бенефити ги има морето за вас:

Морската вода содржи важни елементи

Натриум, магнезиум, калциум, калиум, па дури и сребро во мали траги - сето ова го има во морската вода.

Во текот на пливањето, овие елементи, заедно со честичките од алги, влијаат врз кожата, го подобруваат нејзиниот изглед, ги зацелуваат микрооштетувањата, ја чистат и ги обновуваат клетките.

Морето помага при астма и алергија

Испарувањата од морската сол имаат антисептично и антихистаминичко дејство врз вашите дишни патишта.

Истото се случува и со површината на вашата кожа. А и не е случајно што купките со морска сол се едни од најпопуларните спа-третмани во светот.

nekolku-prichini-za-ushte-povekje-da-go-sakate-moreto-02.jpg

Со сончањето обезбедувате доволно витамин Д

Витаминот Д се синтетизира во вашето тело кога сте изложени на сонце. Овој витамин има важна улога во спречување на многу болести.

Сончајте се рано наутро и приквечер, пред зајдисонце, околу 10 минути. Не нанесувајте крем за сончање, бидејќи го намалува влијанието на сонцето. Откако ќе поминат тие 15-20 минути, нанесете соодветен заштитен фактор.

Одморот покрај море како антистрес терапија

Нема ништо порелаксирачко од уживање покрај море, со звук на брановите во позадина. Покрај море, забораваме на секојдневните проблеми и успеваме да се релаксираме.

Многу доктори препорачуваат одмор за да се ослободите од стресот, кој може да биде предизвикувач на опасни болести. Искористете го одморот за да пливате и да се сончате.

Морето е совршено за спортски активности

Со самото тоа што првенствено пливате, вие сте повеќе физички активни отколку во другите денови од годината. Тоа може да има само позитивно влијание врз вас.

Исто така, сигурно можете и да играте одбојка на плажа или да си подавате со топка во плиткото. Сето тоа носи бројни придобивки за вашето здравје.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...
Бонтон правила што мора да ги почитувате кога патувате во странство Немојте да се облекувате несоодветно и почитувајте ги светите места на локалците...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg