Репортажа од Миконос: „Островот е рај ама ви треба длабок џеб“ (фото)
Тиркизната вода, ветерниците, живописните улички, најубавото зајдисонце и лудите забави во бич баровите го прават Миконос незаборавно искуство.
Островот Миконос е познат како грчката Ибица и место за забава на милионерите и милијардерите, особено во екот на сезоната во јули и август.
Многу познати личности ја посетуваат оваа гламурозна дестинација, па токму затоа новинарот Харисон Џејкобс од Bussiness Insider одлучи да појде таму и да направи репортажа.
Во својата репортажа тој заклучи дека на Миконос ќе си поминете одлично само ако сте вљубеник во забавите и имате длабок џеб.
Дел од неговото искуство од Миконос:
Миконос е прекрасен, гламурозен и луксузен, а бранот на туристи таму го поттикнала првата дама на Америка Џеки Кенеди со посетата во 1961 година.
-->
-->
Потоа го посетиле Елизабет Тејлор, Марлон Брандо, а денес омилен им е на Линдзи Лохан, Кендал Џенер и Расел Кроу.
-->
Познат е како ветровит остров и тоа е прекрасно, но ако немате наметка навечер природното „разладување“ може да ви ја уништи вечерта.
Миконос не е место за семејно патување и ако немате добар буџет ќе добиете лошо сместување многу далеку од плажите.
Стотиците јахти покрај брегот се доказ дека Миконос е омилена дестинација на богатите.
Водата има неверојатно сино-зелена боја.
На плажите има одлични бич барови, но подобар третман од келнерите ќе добиете ако изгледате дека носите илјадници евра во себе.
-->
Сепак има место и за лежење на пешкири на плажите.
Ќе уживате во таверните со одлична храна.
Продолжува на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон...
Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...

Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе
Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...

„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“
„Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите?
Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување
„Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ...
Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...