Фото-приказна: Белград низ објективот на Евгениј Хоуп

Може малку да ги оставиме настрана егзотичните острови, тиркизните мориња и песочните плажи, и така, да се вратиме во реалноста. 

foto-prikazna-belgrad-niz-objektivot-na-evgenij-houp-001.jpg 

На пример, нашите чекори да ги насочиме кон Белград, не е многу далеку од Скопје, само 450 километри. Јас лично го обожавам Белград. Ретко ми се случува да сакам да посетам еден ист град одново и одново.

Ова е град што знае да ме фасцинира и да ми раскаже уште една приказна што претходно ја немам слушнато. Ова е град град што никогаш целосно не може да се истражи.

Секоја нова уличка, зграда или премин ја продлабочуваат сликата на српската престолнина. Посебно ноќе, кога ќе исчезне метежот и џагорот на луѓето, постои еден вид на магија која како да ме спроведува во расказите на Иво Андриќ.

Белград има многу што да понуди, крстарење по Дунав и Сава, гледање на зајдисонце на тврдината Калемегдан, прошетка низ главната пешачка улица Кнез Михајлова со големиот број на згради изградени во 19. век, потоа може да се додаде и посета на подземниот комплекс на Белград, кој ќе ве доближи до историјата на главниот град во Србија, тука е и храмот Свети Сава, една од најголемите православни цркви во светот и многу други места вредни за посета.

foto prikazna belgrad niz forografii 8

Ако сакате зелена површина, тогаш Топчидерскиот парк е вистинскиот избор за вас, а ако вниманието ви го одвлекува храната и алкохолот, боемската улица Скадарлија е тоа што го барате.

Не би било лошо да погледнете и некоја театарска претстава во Народниот театар во Белград или да се прошетате низ книжарниците кои баш често се сретнуваат таму.

Никогаш не треба да престанете да го истражувате овој град, зошто најинтересните работи секогаш се кријат зад следниот агол.

Кратка фото прошетка низ Белград од поинаков агол:

foto-prikazna-belgrad-niz-objektivot-na-evgenij-houp-02.jpg

foto-prikazna-belgrad-niz-objektivot-na-evgenij-houp-03.jpg

foto-prikazna-belgrad-niz-objektivot-na-evgenij-houp-04.jpg

foto-prikazna-belgrad-niz-objektivot-na-evgenij-houp-05.jpg

foto-prikazna-belgrad-niz-objektivot-na-evgenij-houp-06.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...
Рај за очи: Топ 10 најубави плажи во Европа за 2026 – првата е на Крит, уште 3 се во Грција Плажата со розов песок на Крит е прва на листата, уште две од листата се на исти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg