Какво метро се крие во подземјето на Москва?


Какво метро се крие во подземјето на Москва?

Ако некогаш се решите да ја посетите Москва ќе бидете изненадени од фактот што токму оваа руска престолнина го има најевтиното метро во светот. Едно возење ќе ве чини 36 рубљи или нешто помалку од 30 денари. Додека во други светски метрополи, градскиот превоз е изгор, во Москва имате двојно задоволство.

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 9

Не само што ќе заштедите некој денар повеќе, туку ќе дојдете во ситуација да се запрашате дали се наоѓате во уметничка галерија или во метро станица.

Мислам дека секој ќе се согласи дека Московското метро е едно од најубавите во светот. Кога ќе зачекорите во подземните тунели, светот околу вас наеднаш ќе се промени и ќе помислите дека се наоѓате во некој музеј.

Првата метро линија во Москва е пуштена во 1935 година, а во моментот има околу 200 метро-станици, каде дневно поминуваат околу осум милиони луѓе.

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 4

Лазар Кагановиќ, човек на Сталин, бил главниот иницијатор за изградба на метрото поради зголемената бројка на населеност, па во 1931 година со најпознатите архитекти од СССР ја започнале изградбата.

Московското метро е спектакуларен простор, исполнет со креативни архитектонски решенија во кој слободно може да поминете цел ден, разгледувајќи ги уметничките изведби и дела. Покрај тоа што има толку многу работи да се видат во Москва, метрото дополнително ќе ja задоволи вашата истражувачка жед.

Ќе бидете опкружени со фрески, мозаици, уметнички дела и скулптури со секави мотиви од секојдневниот живот, граѓанска војна, Октомвриска револуција, па сé до метро-станица посветена на Достоевски.

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 3

Некои метро-станици се наоѓаат длабоко под земјата, и истите за време на Втора светска војна биле користени како скривници. Со своите метро-станици и музичари кои често се наоѓаат таму, Москва ќе ви обезбеди едно поразлично уживање додека користите јавен превоз.

Дури и кога ќе се вратите дома ќе сфатите колку незаборавно искуство сте имале низ подземните тунели на Москва.  

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 6

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 6

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 6

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 6

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 6

umetnicki galerii ili metro stanici kakvo metro se krie vo podzemjeto na moskva 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Сè што треба да знаете пред да тргнете на кампување Пред да решите дека ќе кампувате треба да бидете начисто дали го сакате тоа или ...
1 ден минат во Мумбаи е еднакво на 100 испушени цигари: 15 неверојатни... Имаат најмала стапка на разводи во светот и тони и тони злато, но загаденоста им...
Оптички илузии кои може да ги посетите во живо на различни места низ с... Луѓето многу сакаат да се предизвикуваат себеси со оптички илузии, но тоа не зна...