Откријте го својот омилен пијалак додека патувате низ земјите во светот

Секое патување со себе носи посебни доживувања и вкусови на храна и пијалаци кои долго ни остануваат во сеќавање.  

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 7

Покрај тоа што сите сакаме да ги пробаме вкусните специјалитети и да ги истражуваме кулинарските вештини на посетената држава, имаме желба и да наздравиме со чашка-две алкохол, карактеристична за територијата во која се наоѓаме.   

Да започнеме со алкохолот кој е именуван по шпанскиот збор sangre - крв, и доволно е што го напишав ова за веднаш да погодите за кое пиење станува збор.

Сангрија или мешавина од црвено или бело вино и овошје: јаболко, портокал, лимон... Овошјето е тука за да го апсорбира виното и да му даде посебен шмек. Верувам дека овој вкус на многумина ни е познат. Е па кога сте во Шпанија, налејте си по некоја чашка сангрија.

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 4

Ако патот ве одведе во Италија, покрај разновидните видови на вина, треба да дадете шанса и на италијанската ракија позната како грапа. Се произведува од остатоците од грозјето кое било употребено за вино. Но, бидете внимателни, ова е силен алкохол и лесно може да се напиете од него.

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 6

Уникум или нешто слично на пелинковец е познат алкохол од Унгарија, кој не можат многумина да го пијат поради горчливиот вкус. Овој растителен ликер кој се чува во дабови лисја содржи преку 40 различни видови на билки.

Ако ништо друго, додека сте во Будимпешта треба да пробате барем една голтка. Ни помалку, ни повеќе.

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 2

Оваа мешавина од анасон, цимет и билки или добро позната како бекеровка ќе ви овозможи попријатно да ги истражите градовите и селцата во Чешка. Ако не ми верувате, пробајте и самите ќе се уверите.

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 1

Традиционаланта турска ракија – раки со вкус на анис е уште еден вид на алкохол кој треба да се вкуси некогаш во живот. Има неколку начини на консумирање на овој пијалок, некои го пијат директно, други со коцка мраз или разреден со мала количина на ладна вода.

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 3

Доволно е да се спомене вотка и веднаш да помислиме на Русија. Колку и да звучи стереотипно, но Русија навистина произведува огромно количество вотка, кој се добива со дестилација на житарки или компир.

otkrijte go svojot sleden omilen alkohol dodeka patuvate niz svetot 5

Нема да биде коректно ако во листата не го додадам српскиот алкохол, кој сите го знаеме, а тоа е сливовицата. Или пак грчкото узо, кое го пиеме додека одиме на летување таму. И секако нашата мастика.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Како во рајот: Најубавиот пристап во море преку скали се наоѓа во Хрватска (фото) Бајковита вила во заливот Чикат на островот Лошињ ги има најубавите скали за вле...
Мало бајковито гратче со замок покрај река во Хрватска е како сцена од сликовница (фото) На 65 километри од Загреб се наоѓа мало историско гратче со тврдина на карпест р...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg