Напуштено и заборавено - Што станува со местата од кои заминува и последниот човек?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
PPC Specialist 19-08-2019
Возач 19-08-2019


Напуштено и заборавено - Што станува со местата од кои заминува и последниот човек?

Светот е мистерија сам по себе. Светот е подлежен на промени, на доселувања и отселувања. Запознавање и разделување. Светот е полн со места, кои се заборавени од луѓето, се препуштени на времето и пропаѓањето.

 napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 3

Gulliver’s Travels Park

Веројатно сите се сеќаваме на романот Гуливеровите патувања од Џонатан Свифт и неговите патувања во земјите Лилипут, Бробдингнаг, Лапут и Хуинхм.

Во Кавагучи, Јапонија постои забавен парк посветен на Гуливеровите авантури. Отворен во 1997 година, паркот со помош на јапонската влада успеал да го привлече вниманието на луѓето, но за жал целата приказната се окончала 10 години подоцна и сега некогашниот парк е претворен во место на заборав и носталгија.

 napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 9napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 9

Островот Хашима

Некогаш прогласен како најгусто населена област на Земјата, денеска Островот Хашима, голем како 12 фудбалски терени, се распаѓа во својата мизерија.

На времето тука живееле 5 000 рудари заедно со своите семејства, но пустошот се случил во 60-тите години кога Јапонија од јаглен преминала на нафта.

 napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 7napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 7

Mirny Diamond Mine

Во Источен Сибир постои втората најголема дупка во светот, која е направена од човекот. Овој рудник е изграден по иницијатива на Сталин за да се исполни побарувачката на индустриски дијамант.

Што повеќе се навлегувало во срцевината на земјата, така и самиот процес станувал тежок и непокорен. По неколку години рудникот бил напуштен и препуштен на забот на времето.

 napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 1napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 1

Ryugyong Hotel

Северна Кореја секогаш знае да изненади со она што се наоѓа на нејзината територија. Во Пјонгјанг се наоѓа хотелот Ryugyong, кој е чист примет за тоа колку „откачена“ знае да биде Северна Кореја. Хотелот со 105 ката сé уште е недовршен и празен, без ниту еден посетител.

Објектот, кој внатре нема електрична енергија, има функција на масивен светлечко шоу каде се прикажуваат познати статуи, споменици, симболи и политички слогани.  

 napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 2

napushteno i zaboraveno shto stanuva so mestata od koi zaminuva i posledniot covek 2

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хотелот во Финска каде сите блогерки одат за да направат фантастични з... Лоциран во Рованиеми, Финска, хотелот Arctic ThreeHouse нуди топли соби со стакл...
Како изгледа најубавиот хотел во светот, според Travel + Leisure? Leela Palace Udaipur, одморалиште покрај езеро во Раџастан, Индија, беше проглас...
Скопска чаршија, ќебапи и Матка: Туристка што го посети Скопје ги откр... Мија Дропуљиќ вели дека кањонот Матка е вистински спомен на природата, а дека ду...