Деца на поводник, млеко од уличен автомат: 15 факти за животот во Швајцарија
Во селата има мини продавнички со домашни продукти, без продавачи, само со кутија за да оставите пари.
Швајцарија навистина звучи како земја од соништата, зарем не? Има бајковити села со неверојатна природа, најстабилна економија во светот, не е дел од ниту една воена алијанса и таму се произведува чоколадото Toblerone.
Факти кои докажуваат дека Швајцарија е прекрасна земја за живот:
За риболов потребна ви е лиценца, а на часовите за нејзиното добивање ќе научите како да ги откачувате рибите од јадицата без да страдаат многу.
Во секој женски тоалет има и шолја наменета за уринирање клечејќи.
Во Швајцарија постои закон што ги штити докторите при направени медицински грешки.
Швајцарски пасош се добива тешко, односно по 10 години живеење и работа во земјата, од кои последните 3 мора да бидат во еден град, а потоа следува тест на кој ве прашуваат сè - од географија до тоа какви ви се односите со соседите. Потоа и соседите ќе ги прашаат каква личност сте, а ако немате изградено добри односи со нив ќе имате застој во процедурата.
-->
-->
Секоја година мажите под 55 години имаат 3-неделна воена обука, при која има пијалаци и забава и се смета за одмор, а трошоците ги покриваат нивните работодавачи.
-->
Новогодишната елка на железничката станица во Цирих се кити со 6.000 Сваровски кристали.
На улиците има автомати од кои може да си наточите свежо млеко за одредена сума пари.
Во селата има мини продавнички со домашни продукти, без продавачи, само со кутија за да оставите пари.
Уште 7 факти на следната страна...
-->
Би можело да ве интересира:

Има само 7 куќи, нема сигнал за мобилен - Како изгледа животот во едно од најнеобичните села во свет...
Селото е составено од 7 уникатни куќи - секоја има 5 нивоа, во конусна форма и ц...

Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ...
На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...

8 најубави патувања со воз низ планини - глетки од кои застанува здивот
Glacier Express во Швајцарија патува по планински премини и притоа пом...

7 места во Прилеп и околината што треба да ги видите барем еднаш во животот
Македонија има преубави места, споменици, локалитети и природа од која застанува...