Манастирот Прохор Пчински и легендата за неговиот испоснички живот

На времето дедо ми честопати ми раскажуваше приказни за свети Прохор Пчински. Ме моташе во тешка јамболија и ми раскажуваше за животот на овој светец.

manastirot sveti prohor pcinski i legendata za negoviot isposnicki zivot 7

Секогаш почнуваше со неговите родители, Јован и Ана, кои долго време не можеле да имаат деца. Вознесено се молеле на Бога, и така еден ден нивниот сон се остварил. На светот го довеле Прохор, кој уште на својата осма година бил испратен да ја изучува книжевната мудрост…

Овој почеток го знам наизуст. Тешко е да се заборави нешто што е прераскажано десеттина пати.

Неодамна, заедно со моите пријатели решивме да направиме еднодневна екскурзија и во подножјето на планината Козјак да го посетиме манастирот Прохор Пчински на само неколку километри од македонско-српска граница.

Штом стапнавме во дворот на манастирот, за кој легендата вели дека го изградил царот Диоген во 11 век, се почувствував смирено. Одеднаш заборавив на сите проблеми, на сите оптоварувачки мисли и се препуштив на разгледување на манастирскиот комплекс.

Имавме среќа, што налетавме на еден монах што не прошета наоколу и срдечно ни раскажуваше за животот на овој светец.

manastirot sveti prohor pcinski i legendata za negoviot isposnicki zivot 1

Што повеќе раскажуваше, толку повеќе ми се освежуваше сеќавањето. Најмногу се задржавме на периодот кога Прохор не сакал да се ожени, туку решил со своето срце и ум, душа и тело да му посвети на Бога.

Одлучен да се отцепи од светот, сета своја сопственост ја дарил на сиромасите, пред да се смести во нагоричката пустина. Се хранел со тревки и растенија, а друштво му правеле диви животни.

Благодарение на молитвено тихување, тој опстојувал. И така, по 32 години се сретнал со Диоген, откако ја бркал срната што Прохор се грижел за неа.

Најден во недоумица, Диоген помислил дека гледа некоја сеништа, та побегнел, додека светецот викал по него. Тогаш се случил пресвртот, по враќањето на Диоген, кој клекнат пред Прохор, барал благослов од него и ги слушал зборовите кои му велеле дека ќе биде цар на Византија.

manastirot sveti prohor pcinski i legendata za negoviot isposnicki zivot 5

Пророштвото се исполнило, Диоген владеел од 1067 до 1071 година, сосема заборавајќи на светецот. Прохор веќе се преселил во друга пештера, во близина на реката Пчиња.

По неговата смрт, светецот на сон му се јавил на Диоген со потсетување дека го заборавил. И така, на местото на нивната прва средба немало ништо и Диоген во селото Старо Нагоричане издигнал црква, а кога добил второ јавување во сон, Диоген се упатил во планината каде го нашол мртвото тело на Прохор Пчински.

Во близина на испосницата подоцна бил кренат манастир во чест на Прохор Пчински, каде до денеска се наоѓаат неговите мошти, од кои истекува густо масло… Кога Диоген сакал да ги пренесе моштите до првиот манастир, ковчегот не сакал да се помести од една конкретна точка и светецот повторно му се јавил на царот, кажувајќи му да не го носи подалеку од таму.

manastirot sveti prohor pcinski i legendata za negoviot isposnicki zivot 2

Пред самото напуштање на манастирот, монахот не намачка со маслото, правејќи ни крст на челата. Се искачивме и до испосницата, не сакавме ништо да пропуштиме.

Затоа што легендата за овој светец засекогаш ќе живее...

manastirot sveti prohor pcinski i legendata za negoviot isposnicki zivot 4

manastirot sveti prohor pcinski i legendata za negoviot isposnicki zivot 4

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магично шпанско селце за кое не ви треба мапа - 2 часа ви се доволни за прошетка, се наоѓа на Коста ... Ќе уживате да се „губите“ по неговите улички со калдрма, ќе се чувствувате како ...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Бев во Рим на два дена, од Скопје со автомобил до Тирана, па со авион за 50€ - Што успеав да видам з... Предноста на сместувањето во Трастевере е што секаде можевме да стигнеме пешки -...
Фото-прошетка низ еден од најубавите манастири во околината на Скопје - ќе посакате да испиете кафе ... „До манастирот (за мене омилен во околината на Скопје) со нормално темпо, без фо...
Ја посетив старата семејна куќа во с. Зрзе - ми се разбуди носталгија по летата поминати таму со баб... „Ќе отидеш до сретсело да ми наполниш вода од чешмата?“, ме прашува мајка ми. Ѝ ...
Хрватот што ги посети сите земји во светот: „Спиев во најскапите хотели, но и во дупки од 1 евро и с... „Јадев во ресторани со Мишелин ѕвезди, но и на места каде што многу луѓе дури и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg