Што сè треба да спакувате пред да одите на одмор?

Колку и да сакате да патувате, веројатно и вие, како и поголемиот број луѓе, мразите да се пакувате. Сигурно ви се случило да заборавите нешто или воопшто да не помислите дека нешто ќе ви биде потребно. 

shto-se-treba-da-spakuvate-pred-da-odite-na-odmor-01.jpg

За да ги избегнете незгодите, погледнете што сè треба да спакувате пред да одите на одмор:

Најпрво направете си листа со потребни работи, поделени по категории – облека, обувки, додатоци, козметика и останати важни ситници. На овој начин ќе знаете што треба да исперете, испеглате, купите и слично.

Посебно место на листата треба да имаат и работите кои ви се случило да ги заборавите на некое претходно патување.

Кога станува збор за облека, имајте на ум дека помалку е повеќе. Најдобро е да носите облека што е едноставна, прилагодлива и повеќенаменска. Бидете практични и понесете облека со која можете да направите повеќе комбинации, со малку измени.

shto-se-treba-da-spakuvate-pred-da-odite-na-odmor-003.jpg

Доколку сте женско, сигурно не можете без козметика, особено во лето. Во вашиот несесер пред сè мора да има заштитна крема за сонце, шампон, купка, паста за заби, дезодоранс, минимално количество шминки и други продукти што ви се неопходни.

За да заштедите простор, купете мали пакувања од овие продукти. Не грижете се бидејќи се сосема доволно за една недела. Доколку сепак нешто ви се истроши, можете да го купите и додека сте на одмор.

shto-se-treba-da-spakuvate-pred-da-odite-na-odmor-02.jpg

Исто важна е и медицинската торба. Овде треба да се наоѓаат лекови што ќе ви се најдат додека сте во странство, а добро е да имате и некаков пробиотик. На сите им се случило стомакот да им реагира поради промената на климата, водата и новата храна.

shto-se-treba-da-spakuvate-pred-da-odite-na-odmor-03.jpg

На листата додајте и ситници на кои не би се сетиле, но сепак ви се потребни. На пример, понесете перниче за автобус доколку патувате со автобус. Маската за спиење исто може да ви биде од помош, како и стапчињата за чистење уши.

Доколку ве чека долго патување, добро би било да понесете и слушалки.

На крај, не заборавајте ги потребните документи и парите. Исто така обрнете внимание и на нешта како штекери – можеби за државата во којашто ќе одите ќе ви биде потребен друг адаптер за полнење на телефонот и секако, не заборавајте го полначот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Дарко и Верче во Паралија: „Сет лежалки без кафе чинеа 10 евра, има нови одлични бич бар... „Кога стигнавме таму веднаш се присетивме на тинејџерските денови кога сме биле ...
На одмор со Нина Ред на Миконос: „Нема пауза од забави, сите шетаат дотерани, а за секаде се потребн... „Овде навистина владее ноќниот живот, има посебен дух. Ме воодушевува модата, си...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
На одмор со Ненад Сињори во камп Стомио: „Одморот не мора да биде луксузен - имаме наша приколка, де... „Иако понекогаш патуваме и на егзотични дестинации, кампот секогаш останува „наш...
На семеен одмор со Ана од Битола во Анталија: „Морето е магија, Турците се љубезни, а ги посетивме т... „Секој ден го почнувавме со турско кафе или чај со поглед на море. Во хотелот бе...

Најчитани неделава