5 потценети музеи во Париз кои вреди да ги посетите покрај Лувр

Планирате патување до Париз? Тогаш веројатно сте налетале на листа со знаменитостите што вреди да ги посетите во овој град. 

10-muzei-vo-pariz-shto-vredi-da-gi-posetite-01.jpg

Сигурно веќе знаете за Лувр и музејот Oрсе, но во овој град има не толку познати музеи, кои навистина вреди да ги посетите.

Имено, некои од најдобрите музеи нема воопшто да ги најдете на туристичката мапа.

Па доколку наскоро одите во Париз, немојте да ги одминете овие места:

Musée Marmottan Monet

За разлика од повеќето познати музеи во Париз, Marmottan Monet не се наоѓа во центарот на градот. Музејот е сместен на булевар кој го обиколува главниот град.

Иако градбата е можеби малку понастрана, посетата на овој музеј дефинитивно вреди. Овде ќе најдете 300 слики од познатиот Клод Моне, вклучувајќи ја и „Импресија, изгрејсонце“.

Покрај Моне, во музејот има дела и од Берт Морисо, Едгар Дегас, Едуард Мане, Пол Гуген и многу други модерни артисти.

10-muzei-vo-pariz-shto-vredi-da-gi-posetite-02.jpg

Musée Rodin

Огист Роден е еден од најценетите скулптори во историјата. Карактеризиран со интерес за човечкото тело, овој француски артист претставувал историски фигури, но и слободни скулптури како „Мислителот“.

Музејот има внатрешен дел и парк со скулптури и е одличен начин да го истражите и искусите делото на Роден. Некои од скулптурите се сместени во прекрасниот хотел Brion, работилницата на Роден и „скапоцен камен“ на париската архитектура.

Сепак, повеќето скулптури се наоѓаат во градината и го претвораат зеленилото во фасцинантна галерија на отворено.

10-muzei-vo-pariz-shto-vredi-da-gi-posetite-03.jpg

Petit Palais

Името на музејот значи „мала палата“, но овој музеј има богата колекција во голема градба. Конструирана во 1900-тата година, зградата станала музеј 2 години подоцна. Оттогаш нуди програма дизајнирана да го слави Париз и придобивките од уметноста.

Лоциран во близина на Шанзелизе, една од најпознатите улици во Париз, овој музеј е едно од скриените богатства на градот.

Покрај тоа што има дела од Средниот век па сè до модерна уметност, и самата градба е уметничко дело – шареното стакло и мозаиците го прават музејот место што морате да го посетите.

10-muzei-vo-pariz-shto-vredi-da-gi-posetite-04.jpg

Musée de Cluny

Сакате да го доживеете средновековниот Париз? Тогаш посетете го музејот Cluny на левиот брег на градот. Ова не е само место за голем број антиквитети, туку е и Национален музеј за Средниот век.

Сместен во поранешна готска опатија, колекцијата на музејот опфаќа древни скулптури и спектакуларни записи. Исто така има и богата колекција на килими. Дури и основата на градбата предизвикува чудење – таа е подигната врз древните урнатини од римска бања.

10-muzei-vo-pariz-shto-vredi-da-gi-posetite-05.jpg

Musée des Arts et Métiers

Париз можеби е познат по уметноста, но градските музеи нудат многу повеќе од уметнички ремек-дела. Во овој музеј ќе најдете складиште со научно и техничко знаење, сместено во средновековен манастир.

Поради широкиот фокус, не е ни чудно што колекцијата од 2.400 предмети е еклектична. Сите предмети во музејот ја следат еволуцијата на технолошкиот напредок, а нудат и восхитувачка алтернативна тура низ традиционалните слики и скулптури.

10-muzei-vo-pariz-shto-vredi-da-gi-posetite-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2025 како излезени од бајка – кога да ги посетите? Гдањск во Полска е избран за најубав божиќен пазар за сезоната 2025-26, но кои с...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
8 места во и околу Скопје за излет во природа - Каде за Први мај? Дали и вас Први мај ве асоцира на излет во природа? Ако одговорот е „да“, а прит...
8 рајски плажи на Лефкада кои мора да ги посетите - 50 нијанси сино и совршен поглед Лефкада, малиот грчки остров кој излегува на Јонско Море, за многумина е најубав...
Најмагичното божиќно село се наоѓа во Италија – магија која треба да се доживее (фото) Во ова селце дефинитивно владее божиќна магија, но на италијански начин со посеб...
Како од разгледница: Албански ресорт покрај море е дефиниција за луксуз - впечатлива архитектура сре... На албанското крајбрежје се подготвува проект за луксузен ресорт, кој воодушевув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg