Помалку познати, скриени плажи во Грција

Мавра Волиа, Хиос

Најпознатата знаменитост на островот Хиос е плажата Мавра Волија. Името на плажата значи црни камчиња и потекнува од вулканските камења што ја прекриваат плажата.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-09.jpg

Симос, Елафонисос

Воопшто не лесно да стигнете до островот Елафонисос , но вреди да ја видите плажата Симос. Ситниот песок и сината вода потсетуваат на Карибите, а недостатокот од туристи нуди вистинска релаксација.

Покрај тоа, кампувањето на оваа плажа е нешто што морате да го пробате.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-10.jpg

Колона, Китнос

Понекогаш изгледа како времето да застанало на овој остров. Помеѓу прекрасните плажи, најмногу се издвојува Колона која ги поврзува Китнос и островот Свети Лука.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-11.jpg

Грија Спилија, Сирос

Најсеверната и најизолирана плажа на Сирос, Грија Спилија, е позната и како „Американецот“.

Прекарот го добила по економистот Џон Х. Г. Пирсон од Њујорк кој пристигнал овде во 1960-тите и почнал да сади дрва на речиси пустата земја. Сенката од дрвата што останале ја направи плажата вистински магнет за кампери.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-12.jpg

Ламби, Патмос

На влезот на ова плажа ќе ве пречека предупредување: „Строго забрането собирање камчиња. Оние што ќе го прекршат правилото ќе бидат казнети.“

Штом ќе ја видите плажата, ќе сфатите и зошто стои забраната – камчињата на Ламби се како од друг свет. Некои посетители го опишале тамошното капење како пливање во апстрактна слика.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-13.jpg

Кедрос, Донуса

Малиот остров Донуса станал најпопуларна дестинација за грчките студенти кои имаат ограничен буџет. Додека до главната плажа се стигнува многу лесно, до Кедрос ќе треба да одите по стрмна карпеста патека.

Доколку, пак, сакате нуркање, овде се наоѓа и потонатиот брод Orion.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-14.jpg

Каминакиа, Астипалеа

Плажата Каминакиа е најубавата на островот Астипалеа и до неа се стигнува преку стрмна и карпеста патека од 5 километри. Понекогаш дури и автомобилите имаат проблем на овој пат.

Но, доколку успеете да стигнете до овде, ќе бидете наградени со можеби најчистата вода во Егејското Море.

skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-15.jpg

Ваи, Крит

Иако денес е многу попопуларна, сепак вреди да ја посетите и плажата Ваи. Оградена со најголемата палмина шума во Европа, ова е една од најубавите плажи на Крит.

 skrieni-plazhi-vo-grcija-shto-vredi-da-gi-posetite-16.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

На кое место во Грција (на 300km од Скопје) за 5 евра добивате лежалка, кафе, крофна и вода? „И повеќе од коректна, а плажата е феноменална“.... Коментираат следбениците на ...
На одмор со Николче: „Бевме во камп во Шпанија - беше поевтино од хотел, на плажите нема лежалки, а ... „Овој летен одмор решивме да го поминеме малку поинаку – далеку од класичните хо...
На одмор со Софија Јанева во Кавала: „Патувавме 6 часа од Скопје со бебе, цените беа умерени, а вода... „Со нас беа и бабите, што ни олесни многу од секојдневните обврски околу нашето ...
Тоса де Мар - најживописното место на шпанскиот брег Коста Брава, со поглед од плажа кон тврдина Ако сакате живописни локации ова е една од најубавите на Коста Брава брегот. Поз...
10 најубави плажи во Европа за 2025 – три се во Италија, две во Грција Од сите плажи во Италија кои се на листата, сите се на Сардинија и освојуваат со...
10-те најдобри плажи во Европа за лето 2026 - повеќето се во Грција, која ви е фаворит? Првата на листата со најдобри плажи за лето 2026 се наоѓа во Португалија, дури 5...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg