LonelyPlanet го советува светот: Како и зошто да ја истражите Македонија?

Во Македонија се пронајдени населби што датираат пред повеќе од 5.000 години. Иако името на регионот се менувало, факт е дека неговата историја е навистина богата. Оние кои сакаат да истражат нешто ново, овде имаат можност да ги искусат локалните авантуристички дестинации.

lonelyplanet-go-sovetuva-svetot-kako-i-zoshto-da-ja-istrazhite-makedonija-01.jpg

„За релативно мала држава, Македонија е неверојатно богата со пејзажи, можности за авантура и култура“, изјавила Антонија Шишак, директорка на проектот Локална и регионална конкурентност.

„Туристите ќе откријат нешто ново, без разлика дали се во главниот град Скопје, на познатото Охридско Езеро, или на која било од планините кои се некои од најубавите во регионот. А да не почнувам да зборувам колку се добри храната и виното“, додала таа.

lonelyplanet-go-sovetuva-svetot-kako-i-zoshto-da-ja-istrazhite-makedonija-02.jpg

Постојат некои навистина интересни начини да ја истражите државата. Јавањето коњи, електричните велосипеди, планинарењето, параглајдерството, во комбинација со градскиот живот и домашните специјалитети, ја прават Македонија една од најпотценетите европски дестинации.

Разгледување на Скопје

Главниот град Скопје, со население од околу половина милион, се наоѓа од двете страни на реката Вардар. На секоја страна од реката, градот е комбинација од древна историја и модерност.

Пешачењето на проширениот центар води до пазарот од отоманскиот период, познат како Чаршија, кој со неговите продавници ресторани и кафетерии е поврзан со калдрма и тесни улички.

lonelyplanet-go-sovetuva-svetot-kako-i-zoshto-da-ja-istrazhite-makedonija-03.jpg

Посетата на тврдината Кале, чии темели се поставени во 6-тиот век и датираат од Византиската Империја, нуди одличен поглед кон градот.

Над тврдината и пазарот, Музејот на модерна уметност е дом на некои од најважните уметници од 20-тиот век, како Пикасо.

Можете да го завршите денот со пијачка во опуштеното соседство Дебар Маало каде што се наоѓаат многу ресторани и кафетерии.

Целата статија можете да ја прочитате ОВДЕ.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Семејство со две деца кампуваше во Маврово: „Преспавме во шатор, нè исплашија овчарски кучиња, но ут... „Радоста на децата кога го поставувавме шаторот беше неизмерна. Нема поубаво чув...
Викенд предлози: Подзаборавени села во Македонија што треба да ги посетите (раскажуваат историја) Колку и да ја истражуваме нашата земја никогаш не може да се заситиме од волшебн...
Ивана од Скопје: „Работев како фотограф на брод, крстарев низ француските Кариби - што ме воодушеви ...  Досега имам посетено многу поморски градови, пристаништа, популарни монден...
„Од Скопје до Сицилија стигнав за 6 часа - летав преку Софија за 27 евра, јадев бургер од коњско мес... „Пет дена се премалку да се доживее Сицилија - домот на озлогласената мафија, ву...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg