Совети од светски патник: Што мора да имате спакувано во куферот?
Паша, како што се нарекува самиот, го пропатувал половина свет и решил да сподели неколку трикови што му се нашле за време на неговите авантури.
Неговите трикови му помогнале да заштеди пари при патувањето и да си го поедностави целото искуство.
Најдобриот дел од неговите совети е тоа што сите вклучуваат предмети што сигурно веќе ги имате со вас.
Па, погледнете ги неговите совети за поевтино и поедноставно патување:
Ластик како паричник
Паша бил ограбен во Мексико и Чиле, па почнал да ги чува парите во ластик.
Во ластикот можете да направете простор за парите, нешто како паричник, и да го носите под коланот.
Во овој случај ќе треба да купите поширок ластик, да го превиткате на половина и со шиење да направите мали џебови, во кои ќе ги ставате парите.
Наводно, ластикот е доволно удобен за да можете да спиете со него.
Стопирач за врата
Доколку одите во опасна држава и сакате да го направите патувањето побезбедно, тогаш ќе ви се најде оваа направа.
Овие „стопирачи“ ја блокираат вратата однатре, па никој нема да може да ви влезе во собата.
Леплива лента или селотејп
Лепливата лента може да ви се најде за да ја исчистите облеката, да поправите банкнота или да отстраните цена од некој сувенир.
Покрај тоа, со леплива лента можете и да ги скриете вашите вредни предмети. Едноставно, ставете ги во торба и со лентата залепете ги под креветот.
Водоотпорна маска
Ако немате водоотпорна камера, а сакате да сликате под вода, тогаш можете да купите водоотпорна маска која денес се наоѓа по навистина ниска цена.
Дури и ако не планирате да фотографирате под вода, оваа маска ќе биде дополнителна заштита за вашиот телефон.
За оваа намена можете да користите и транспарентна папка за документи. Истовремено, добро би било сите важни документи да ги чувате во ваква папка.
Стегачи за коса
Стегачите ќе ви бидат од корист исто колку и лепливата лента. Со нив можете да ја спакувате облеката, така што ќе зафаќа помалку простор.
Доколку, пак, имате селфи стик кој е скршен, стегачот за коса ќе ви помогне да го прицврстите телефонот на него.
Па, на секое патување понесете неколку стегачи за коса.
Конец, игли, безопасна и прстен од приврзок за клуч
Секогаш со себе носете конец во неколку бои и игли. Само осигурете се боите на конците да бидат како и облеката што ќе ја понесете со вас.
Покрај шиење, иглата можете да ја користите и за отстранување спици. Во овој случај, не заборавајте да ја исчистите иглата со алкохол.
Со игла можете да отстранувате и песок од вашите електронски направи.
Со безопасната, пак, можете лесно да поправите патент, а со прстенот од клуч можете да закачите разни предмети на вашата торба.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





