Совети од светски патник: Што мора да имате спакувано во куферот?
Сапун и сув шампон
Наместо да носите шампони кои зафаќаат многу место, подобро е да понесете обичен сапун.
Покрај тоа, сапунот нема да „истече“ и да ви го уништи багажот, а со него полесно се отстрануваат разни дамки од облеката.
Ако, пак, одите на место каде што ќе немате многу услови за туширање, понесете и сув шампон.
Кука
Со оваа кука ќе можете да го закачите вашиот багаж во јавен превоз, доколку се возите подолго време.
Ултравиолетова батериска ламба
Денес речиси сите телефони се опремени со блиц кој може да ви служи како батериска ламба.
Но, добро е со вас да понесете и ултравиолетова батериска ламба, која ќе ви помогне да проверите дали е валкана собата во којашто ќе отседнувате. Некои дамки не се видливи со обична светлина, па оваа ламба ќе ви биде од корист.
Покрај тоа, доколку сте на место каде што има скорпии, ултравиолетовата ламба ќе ви помогне да ги видите во темница.
Сол
Можете да понесете сол во кутивче од кибрит или некој мал сад. Освен за храна, солта ќе ви послужи за отстранување некои дамки од облеката, но и ќе ви се најде доколку сте дехидрирани.
Кога е премногу топло, ние се потиме, а со тоа се намалува и количеството сол во нашиот организам. Па наместо да пиете посебни пијалаци со електролити, можете да се напиете вода со малку сол.
Балсам за усни наместо крема
Ако не сакате да патувате со многу багаж, наместо крема, понесете балсам за усни. Тој ќе го има истиот ефект на сувата и испукана кожа.
Засилувач на Wi-Fi сигнал
Веројатно имате забележано дека во хотелите, Wi-Fi сигналот најчесто е многу слаб.
Засилувачот на Wi-Fi сигналот ќе ви помогне да ја подобрите конекцијата во вашата соба.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





