Зошто ноември е добар месец за патување?

Нема добар или лош месец за патување. Да сме во можност, мислам дека секој од нас би шетал колку што е можно повеќе.

FotoJetwwdd

Без разлика дали ќе решиме да одиме некаде низ Македонија или подалеку, месец ноември има свои причини зошто да се искористи за да се оттргнеме од секојдневието и барем малку од малку да се вратиме при себе.

Сигурно веќе ги знаете причините што следуваат, но барем дополнително можат да ве мотивираат да го искористите времето по своја мерка.

Она зошто месец ноември е соодветен за патување се помалите трошоци. И да си човек кој патува само со ранец или обичен турист мора да се согласиме дека буџетот игра голем улога при нашите одлуки каде може да одиме.

Голем број на луѓе не патуваат од ноември до првите недели на декември, така што сите зделки можат да се најдат за многу поволна цена.

nekolku prinici zosto noemvri e dobar za patuvanje 3

Друга олеснителна околност за патување во ноември e што нема многу метеж. Изгледа како земјата да ги проголтала сите туристите.

Само замислете дека треба да чекате во редици за да влезете во некоја туристичка атракција, а знаете дека имате ограничено време.

Или сакате на раат да го истражите градот, а не можете да го доживеете на вистински начин од напливот напнати и размуабетени туристи.

FotoJetwdwdwd

Исто така рестораните и баровите имаат и подобра услуга. Логички е тоа, никој не сака секојдневно да се расправа со стотици туристи кои знаат да наоѓаат мани на сè и сешто.

nekolku prinici zosto noemvri e dobar za patuvanje 4

И како за крај би ја навел и автентичноста на местото. Без туристи, или кога има помал број посетители секое место може полесно да дише.

Па никој не сака да гледа исти слики каде и да се заврти, сите трагаме по уникатноста и малите моменти кои долго ќе ги паметиме.

Иако многумина ноември го сметаат за непопуларен месец за патување, запомнете дека секој момент на напуштање на комфор е вреден за сите пари.

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто никој нам не ни јави дека во Скопје е вака убаво?“ - Туристка од Србија восхитена кај нас на ... Сончевото Скопје пулсира во еден поинаков ритам, зарем не? Aндријана Драгојевиќ ...
5 дестинации за есенско патување кои ќе ве воодушеват Есента е едно од најубавите годишни времиња за патување. Туристичките места се п...
10 причини зошто да го посетите Копенхаген со деца – нема да сакате да се вратите Ќе доживеете нешто што не постои кај нас, ќе шетате по прекрасни големи паркови,...
Европски градови што треба да ги посетите во есен 2025 - Идеални се за фоткање и немаат премногу тур... Иако повеќето луѓе сакаат да посетат градови како Париз, Барселона, Рим, Венециј...
„Бев во Чинкве Тере и низ Тоскана, возови, магични селца, недогледни лозја - вредеше патот со автобу... „Буквално сум маѓепсана! Од живописните рибарски селца на Чинкве Тере со неверој...
Топ 9 туристички грешки во Рим (кои не треба да ги направите) Во Рим ќе пешачите многу, бидејќи повеќето знаменитости се релативно блиску една...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg