Градови со најчист воздух во светот
Додека ние почнуваме да се подготвуваме за зголеменото загадување на воздухот, некои луѓе воопшто немаат потреба да се грижат за тоа.
Во некои делови од светот воздухот е толку чист, што дури се смета за мелем за белите дробови и целокупното здравје.
Доколку ви се смачи од нашиот воздух, можеби ќе сакате да посетите некој од овие градови:
Хонолулу, Хаваи
Хавајските острови, особено градот Хонолулу, важат за област која го има најчистиот воздух не само во САД, туку во целиот свет. Според експертите, причината за ова се ветровите, кои сите штетни честички ги носат кон морето.
Можеби токму чистиот воздух е причината што на Хаваите има најмалку случаи со инфаркт.
Цирих, Швајцарија
Ова е уште еден многу чист град кој има строги правила за справување со отпадот.
Жителите на Цирих најчесто го одбираат велосипедот како превозно средство. Доколку не се во можност, користат возови, автобуси и подземна железница. Ретко кој се осмелува да вози автомобил - одлука што го направила Цирих еден од градовите со најчист воздух.
Аделаида, Австралија
Веќе неколкупати, Аделаида е прогласен за еден од најчистите градови во светот. Покрај тоа, овој град редовно се наоѓа и на листите со најдобрите места за живеење.
Калгари, Канада
И овој град одлично се справува со отпадот. Овде постои кампања „Премногу е добро за да биде отпад“, која значително го намалила количеството ѓубре што завршува на полињата и во депониите.
Сортирањето и рециклирањето на разните материјали драстично го намалиле загадувањето во Калгари.
Погледнете ги останатите градови на следната страница...
Би можело да ве интересира:





