Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Календар на природни феномени што се гледаат само во одреден период од годината

Јули: Полноќно сонце

Полноќното сонце е неверојатен феномен и можете да го видите јужно и северно од Арктичкиот круг, во текот на летото.

Бидејќи оската на Земјата е накривена, Северниот пол е свртен кон сонцето. Резултатот е неверојатен ефект – сонцето не зајдува неколку недели.

Локација: Норвешка

Кога: Од јуни до август

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-08.jpg

Август: Езерото Осојус

Во летните месеци, кога температурите се високи, ова езеро ја менува својата боја, па дури и својата форма.

Како што испарува водата, на езерото почнуваат да се забележуваат кружни формации од сол и други минерали. Ова создава дезен на површината, што изгледа како леопард.

Сред лето, езерото може да стане и целосно бело.

Локација: Британска Колумбија, Канада

Кога. Од јули до август

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-09.jpg

Септември: Соленото езеро Јунченг

Водите на ова кинеско езеро покажуваат цел спектар на бои – од зелена и жолта, па сè до розова.

Боите се резултат од алгите кои цветаат во езерото. Иако езерото секогаш изгледа спектакуларно, боите се најмногу изразени наесен.

Локација: Јунченг, Кина

Кога: Од септември до октомври

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-10.jpg

Октомври: Течното виножито во Кано Кристалес

Ова е уште една неверојатна глетка предизвикана од алги.

Кано Кристалес е река во Колумбија која изгледа како течно виножито. Можете да уживате во оваа глетка од мај до декември, но боите се најизразени во есен.

Локација: Колумбија

Кога: Од октомври до ноември

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-11.jpg

Ноември: Расцутената пустина Атакама

Кога ќе слушнете за пустина, сигурно си замислувате многу песок. Но, ова не важи за сите пустини, а една од нив е Атакама.

Иако ова место е навистина суво, доколку има обилен дожд, може да се претвори во ливада, и тоа преку ноќ.

Само имајте на ум дека пустината цути на секои 4-5 години, а последен пат ова се случи во 2017-та.

Локација: Чиле

Кога: Од септември до ноември

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-12.jpg

Декември: Камења што се движат

Во Долината на смртта изгледа како камењата да се движат самите.

Овие камења се проучувани уште од 1900-тите, а научниците веруваат дека нивното движење е поради совршената хармонија помеѓу водата, мразот и ветрот, кои се појавуваат во зимските месеци.

Тенкиот слој мраз под камењата им помага да се придвижат, дури и од најслабиот ветар.

Локација: Долина на смртта, Калифорнија, САД

Кога: Од декември до февруари

kalendar-na-prirodni-fenomeni-shto-se-gledaat-samo-ednash-vo-godinata-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Охрид и уште 6 места низ Европа“ – Британки препорачуваат идеални дестинации за летување „Ако го посетите Охрид, не ја пропуштајте можноста да тргнете по патеката покрај...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...
Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви... На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg